Утре е крајниот рок за поднесување барања за земјоделски субвенции за оваа година. Додека платежната агенција ги повикува сите заинтересирани земјоделци кои се уште не аплицирале, веднаш да се пријават, дел од земјоделците се заинтересирани за одложување на рокот за уште еден месец. Тие наведуваат дека има големи турканици пред подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што има регистрирано земјоделско стопанство за да се поднесе барањето во пропишаниот рок.
Тоде Лазаревски кој се занимава со садење житни култури посочува дека дождовите и променливото време покажале дека има потреба од продолжување на рокот бидејќи некои земјоделците не може да пријават какви култури планираат да садат.
„Пријавувањето за субвенции завршува сега на крајот од мај, но има многу гужви, иако администрацијата работи и сабота и недела. Треба да се продолжи рокот, како што се продолжи и лани, бидејќи некои земјоделци се уште садат летни култури, сончоглед, пченка и не можат да пријават дали ќе насадат или ќе има временски непогоди“, вели Лазаревски.
Кире Неделковски е тутунар и тој истакна дека и администрацијата е важен аспект на распределбата на земјоделските субвенции. Тој посочи дека поради некои новонастанати услови има потреба од продолжување на рокот за поднесување барање на субвенции и оти тоа ќе им биде од корист на повеќе земјоделци.
„Луѓето што не направија договори, им издадоа евидентни листови за договори за тутун. Сега проблемот е што не им ги признаваат тие, затоа што на тоа земјиште наместо тутун, насадија пченка, сончоглед, а на евидентниот лист стои дека на парцелите се наменети за тутун. Сега ги тераат да даваат изјави, да одат на нотар, сега триста проблеми се појавија, оти едно заверување кај нотар чини 1000 денари.“
Од агенцијата, пак, наведуваат дека барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.
Во врска со претходно распределените субвенции земјоделците коментираат дека тие се перспективни за нив, но има и забелешки дека исплатата за одредени култури доцни. Кире Неделковски посочи дека исплата на тутунот од минатата година не се одвива според планот.
„Јас на пример се уште немам земено уште 3.500 евра субвенции од тутунот“, вели Неделковски.
„Државата нема пари моментално, се пролонгира, ако немаш некој документ доставено имаат шанси да те пролонгираат до крајот на годината, такви работи може се прават, инаку други работи нема“, вели Лазаревски.
Земјоделците сметаат дека соработката со платежната агенција може да стане подинамична и поцврста ако се земат предвид овие нивни потреби и проблеми.
Треба да се продолжи рокот, како што се продолжи и лани, бидејќи некои земјоделци се уште садат летни култури, сончоглед, пченка и не можат да пријават дали ќе насадат или ќе има временски непогоди.Тоде Лазаревски, земјоделец.
Тоде Лазаревски кој се занимава со садење житни култури посочува дека дождовите и променливото време покажале дека има потреба од продолжување на рокот бидејќи некои земјоделците не може да пријават какви култури планираат да садат.
„Пријавувањето за субвенции завршува сега на крајот од мај, но има многу гужви, иако администрацијата работи и сабота и недела. Треба да се продолжи рокот, како што се продолжи и лани, бидејќи некои земјоделци се уште садат летни култури, сончоглед, пченка и не можат да пријават дали ќе насадат или ќе има временски непогоди“, вели Лазаревски.
Јас на пример се уште немам земено уште 3.500 евра субвенции од тутунот.Кире Неделковски, тутунар.