12:34
27.4.2014
Гласањето се одвива без поголеми проблеми
ДИК до сега не забележала нерегуларности на изборите. Набљудувачите нотираат одредени неправилности. Целиот извештај прочитајте го и погледнете го тука.
ДИК до сега не забележала нерегуларности на изборите. Набљудувачите нотираат одредени неправилности. Целиот извештај прочитајте го и погледнете го тука.
12:41
27.4.2014
ДЕСЕТ ПАТИ ПОВЕКЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРАТЕНИЦИ ОТКОЛКУ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Јавува Кенан Мимидиновски
Денешните двојни избори во општина Дебар до напладне ги карактеризира нагласениот бојкот во градот на гласањето за претседателелот на државата, што не е случај во селските налсеби каде се гласа како за листата на пратеници така и за листата на претседатлески кандидати. Во поголемите избирачки места во Дебар десетина пати е поголем бројот на гласачките за пратеничката листа во споредба со оние кои гласаат и за претседател на државата. Според општинската изборна комисија во Дебар гласањето се одвива без проблеми.
Излезеноста на на гласачите во општина Дебар каде има 27 гласачки места до 10 часот е мала, така што според ОИК бројот на излезени гласачи за преседател на државата изнесува околу 2 насто, додека за пратеничката листа процентот е над 4%. Сепак од 10 до 12 часот имаше помасовно излегување на гласачите посебно го градот.
12:44
27.4.2014
Гласањето засега без поголеми проблеми
12:59
27.4.2014
Во Центар Жупа дојдени на гласање и извесен број печалбари
Во општина Центар Жупа, која е во изборната единица број 5, во споредба со пред две недели, се забележува и гласање на печалбари кои деновиве пристигнале во родниот крај. Некои од гласачите кои се на печалба, за РСЕ изјавија дека се дојдени од Италија за да гласаат , но додаваат дека оваа појава не е масовна како за локалните избори лани.
Во оваа општина ,според претседателот на општинската изборна комисија Шефко Јусуф се евидентирани вкупно 5.986 гласачи, се гласа во 16 избирачки места а до 10 часот излезеноста изнесува 3,65 насто.