17:47
27.4.2014
Излезноста во Вевчани околу 70 отсто до 17 часот гласале 69,94 проценти за претседателските и 70,17 отсто за парламентарните избори, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Новица Костојчиноски.
Во Општина Вевчани до 17 часот
17:00
27.4.2014
Парламентарните поинтересни од претседателските избори во шесткатапретседател.
Во шестата изборна единица и во текот на попладневните часови слична состојба како во во текот на утринските часови, поголем одѕив на гласачи за предвремените парламентарни избори, отколку за изборот на
16:51
27.4.2014
Денеска се направив паметна, па пред да одам на гласање, го излакирав левиот палец со безбоен лак. И фломастерот веќе го нема #факт
— Vasilka Dimitrovska (@Arheoblog) April 27, 2014
16:49
27.4.2014
Со штаки и бастуни на гласање80-годишната Петра Митревска, со проблеми во движењето, потпирајќи се на бастун и со припомош на внукот, излезе да гласа.
Ни влошената здравствена состојба не го попречи 50-годишниот битолченец Томислав Бошевски да излезе на гласање. Со скршеница на десната нога и патерици тој денес се искачи до вториот кат на основното училиште „Ѓорги Сугарев“ во Битола и гласаше. Сличен на случајот со Бошевски затекнавме во општина Новаци, каде што