Достапни линкови

Верска толеранција на Косово - гордост или ризик?


Каква е верската толеранција на Косово каде што мнозинското население е од муслиманска вероисповест. Мислењата се поделени. Клучната разлика, како што велат младите, е меѓу оние кои го виделе светот и оние коие се изолирани дома.

На Косово мнозинството се муслимани, но има и православни и католици. Младите Косовци со кои разговараше дописникот Амра Зеинели велат дека на Косово има верска толеранција. Енчи Јаха е средношколка и вели дека нема повреда на верските права на Косово.
Јас сум верник и не ми пречи ако другите не се верници како што и ним не им пречи што јас верувам.
Астрит Џиколи.


„Не ми пречи ако околу мене се млади луѓе кои им припаѓаат на различни религии. Покрај тоа од различни религии, секогаш се учи нешто ново.“
Астрит Џиколи слично размислува. Според него битно е што никој никого не присилува да практикува вера.

„Јас сум верник и не ми пречи ако другите не се верници како што и ним не им пречи што јас верувам“, вели Џиколи .
Од една страна, создадена е идејата дека треба да се елиминираат другите религии во Косово. Од друга страна, постои толерантна група младите луѓе кои повеќе патувале и кои сфаќаат дека нема ништо лошо во фактот дека постојат и други религии.
Фјола Качанику, студент на американскиот униуверзитет во Приштина.

Но средношколката Веса Tурјака смета дека оние од муслиманска вероисповест не се доволно толерантни кон другите.

„Некои се обидуваат и да не присилат кон нивната религија. Лично, не ми пречи да веруваат и да не веруваат. Атеизмот е во ред."

Фјола Качанику студент на американскиот униуверзитет во Приштина пак вели дека младите на Косово се уште се поделени.

„Од една страна, создадена е идејата дека треба да се елиминираат другите религии во Косово. Од друга страна, постои толерантна група младите луѓе кои повеќе патувале и кои сфаќаат дека нема ништо лошо во фактот дека постојат и други религии. Тие дојдоа до заклучок дека во општеството може да се формираат и други религии и дека треба да живеат во хармонија. Други пак, се изолирани и не можат да се погледнат на светот од друг аспект.“

Добрите познавачи велат дека постоењето на повеќето вери придонесува кон верската толеранција на Косово. Дебатите за религијата во косовските медиуми или на неформални собири сепак создаваат впечаток дека верската толеранција е се уште е на работ на ризикот.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG