Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.

22:54 13.4.2014
Поповски: ГРОМ покажа дека е играч на политичката сцена
ГРОМ покажа дека е играч на политичката сцена и се разбира продолжуваме понатаму, изјави вечерва кандидатот за претседател на ГРОМ Зоран Поповски.
23:29 13.4.2014
За Пендаровски борбата продолжува, Заев обвини за изборна кражба
Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски вечерва на завршната прес-конференција го оцени како успех бројот од 320 илјади гласови кои ги освои во првиот круг од претседателските избори и најави уште посилен ангажман за вториот круг од изборите. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, ја обвини власта за систематска кражба на гласови.
23:55 13.4.2014
Груевски и Иванов - Народот покажа што поддржува
Народот поддржа јасен концепт, наспроти нестабилноста, лагите и навредите, рече вечерва претседателот Ѓорге Иванов кој победи во првиот круг на претседателските избори на кои се бори за втор мандат. Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пак рече дека изборниот резултат недвосмислено ја покажува волјата на граѓаните.
01:09 14.4.2014
ДИК: Иванов 447 илјади, Пендаровски 325 илјади гласови
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов победи на првиот круг од претседателските избори со добиени 447.109 гласови (51,63%), втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 325.119 гласови (37,54%), покажуваат првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница. Податоците се однесуваат за обработени 99,46 проценти, односно 3.493 од вкупно 3.512 избирачки места.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG