Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.

19:32 13.4.2014
Гласаа и кандидатите, па и даваа изјави. Очекуваат фер избори.
19:34 13.4.2014
МОСТ нотира низа неправилности на изборите
На гласачко место во Општина Неготино еден гласач ја скршил гласачката кутија, по што гласањето било прекинато. ОИК пристигнала во ГМ и се уште не се знае дали гласањето на ова ГМ ќе продолжи. Во Шуто Оризари, пак, дошло до инцидент помеѓу Радмила Шеќеринска и Амди Бајрам, по што интервенирала полицијата и ситуацијата се смирила.
19:46 13.4.2014
Димовски - Mирни, фер и слободни демократски избори
Имавме мирни, фер и слободни демократски избори, едни од најслободните, најдемократските и најфер избори одржани во Република Македонија. Генералниот впечаток е дека целата атмосфера помина во најдобар можен ред, оцени вечерва Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
19:50 13.4.2014
Спасовски: Очекуваме масовна поддршка за Пендаровски
Изборите се проследени со низа нерегуларности и неправилности. Ова е оценката на Оливер Спасовски, шефот на изборниот штаб на СДСМ и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дадена на прес-конференција кусо време по затворањето на избирачките места. Тој сепак рече дека се чувствува изразена волја за промени и затоа очекуваат резултатите од изборите да го потврдат тоа расположение на граѓаните и масовна поддршка за Стево Пендаровски.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG