Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.

15:28 13.4.2014
Разлика од 6000 гласачи во Битола

Жанета Здравковска

Околу 6000 гласачи е разликата меѓу податоците со избирачи за Битола што ги имаа Општинската изборна комисија и оние објавени на официјалната страна на Дражавната изборна комисија. Според ОИК во општина Битола вкупниот број на гласачи е 82588, а според ДИК 76 587. Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија објаснува дека разликата се должи на тоа што дел од гласачите кои се во казнено-поправни домови гласале во други општини.
-Покажуваме бројката според бројот на ливчиња што ги имаме добиено за нашите избирачки одбори. Дел од ливчињата за гласачи од Битола се наоѓаат и во други општински комисии кои спорвеле гласање за лицата од Битола кои се наоаѓаат во казнено поправните домови низ Македонија. Вкупната бројка на гласачи од Битола е оваа што ние ја кажуваме плус бројката која ќе пристигне од казнено поправните домови – изјави Насев.
15:00 13.4.2014
14:32 13.4.2014

АЛБАНИЈА – ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ЗА ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА


Албанските медиуми денеска посветуваат големо внимание на претседателските избори во Македонија. Како електронските така и пишаните медиуми го потенцираат фактот дека за прв пат и македонската дијаспора гласаше за изборот на претседателот на државата. Исто така се изнесува оценката дека во првиот круг тешко дека некој од четворицата претенденти ќе ги добие изборите. Во дел од медиумите исто така се потенцира и подвоеноста на албанските политички субјекти кога е во прашање излегувањето на гласањето.

Кенан Мимидиноски
14:28 13.4.2014

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG