Стотици антивладини демонстранти и специјални сили на украинската полиција повторно се судрија на плоштадот Мајдан во Киев. Демонстрантите, како што јавуваат агенциите, ги принудиле полициските сили да се повлечат за 200 метри и сега контролирале поголем дел од плоштадот. Полицијата употребила гумени куршуми во обидот да возврати на нападот на демонстрантите со молотови коктели и камења.
„Ќе бидам многу искрен. Владата не ги контролира специјалците, а многу е тешко опозицијата да ги контролира демонстрантите. Има многу сили кои воопшто не се под контрола. Тоа е вистина. Украина е во големи проблеми“, изјави еден од опозициските лидери Арсениј Јацењук.
Украинскиот министер за внатрешни работи Серхи Бурлаков пак, за денешните насилства ги обвини демонстрантите.
„И покрај примирјето и Денот на национална жалост во Украина, екстремистите од Мајдан повторно отворија оган, веројатно снајперски врз полицајците. Сега можеме да видиме дека многу луѓе во Мајдан се вооружени.“
Денешните насилства според опозицискиот лидер Виталиј Кличко биле провокација на властите.
Тоа мислење не го дели и официјална Москва која преку портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александар Лукашевич оцени дека станува збор за државен удар.
„Нема сомневање, денешните настани, особено вооружените луѓе, илустрираат дека ова е очигледен обид за државен удар и за преземање на власта со сила. Ја осудуваме ваквата акција на радикалите и екстремистите кои се најодговорни за насилствата.“
Стејт департментот објави дека им забранила американски визи на 20 украински функционери и предупреди на натамошни заеднички потези со Европската унија доколку продолжат насилствата.
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен побара од украинската влада да не ја вклучува војската за справување со опозицијата.
Претходно претседателот Јанукович го смени шефот на украинските вооружени сили Володимир Замана, но без да бидат наведени причините за таквиот потег.
Смената следуваше откако Министерството за одбрана соопшти дека војската би можело спроведе антитерористичка операција во целата земја.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во телефонски разговар со рускиот претседател Владимир Путин се согласиле да направат се што е можно за да не дојде до натамошна ескалација на ситуацијата.
Крвавите немири во кои загинаа најмалку 28 луѓе избувнаа и покрај тоа што се чинеше дека тензиите во Украина почнаа да спласнуваат откако владата ја имплементираше условната амнестија за луѓето уапсени во антивладините демонстрации.
Тие почнаа во минатиот ноември како реакција на одлуката на јанукович да на је потпише спогодата за соработка со Европската унија и да ја прифати помошта од 15 милијарди долари од Русија.

Ќе бидам многу искрен. Владата не ги контролира специјалците, а многу е тешко опозицијата да ги контролира демонстрантите. Има многу сили кои воопшто не се под контрола. Тоа е вистина. Украина е во големи проблеми.