Во повеќе градови во Босна и Херцеговина денеска дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Беа запалени зградите на кантоните Сараево, Тузла и Зеница.
Демонстрациите поради политичката, економската и социјалната ситуација во БиХ, од Тузла се приширија ширум БиХ. Жестоки судири на граѓаните со полицијата имаше во Сараево, а демонстрантите влегоа и ја запалија и зградата на Владата. Според последните информации, во Сараево во болницата Кошево доведени се 50-тина повредени лица, и демонстранти и полицајци, додека во Тузла се повредени десетина лица.
Премиерот на Владата на Тузланскиот кантон Сеад Чаушевиќ денеска поднесе оставка.
Околу 13.000 лица и денеска беа на улиците на Тузла, а се упатија кон кантоналниот и општинскиот суд и обвинителство, зградата на општината и на МВР.
Пожарот во зградата на Владата, што демонстрантите претходно ја запалија, беше цела во чад и оган. Социјалните немири во Тузла почнаа пред три дена и кулминираа денеска со упадот на демонстрантите во зградата на Владата.
Протести се одржани и во други градови, каде, исто така, имаше судири со полицијата, а ситуацијата кулминираше и во Сараево каде има голем број тешко повредени меѓу демонстрантите и припадниците на специјалната полиција.
Со солзавец и камења е посипан просторот околу зградата на Владата на Кантонот и зградата на Претседателството на БиХ. Сите стакла на прозорците на зградата на кантоналната Влада на Сараево се искршени, јавија босанските медиуми.
Моменталната ситуација е драматична и хаотична, објавија локалните медиуми.
Во Сараево полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите, во Зеница е запалена зградата на кантоналната Влада, а протести се одржуваат и во Бихаќ, Јајце и други градови.