Бизнисмените од пелагонискиот регион кои се занимаваат со извоз на производи бараат забрзување на бироктатските постапки при царинењето на робата и намалување на потребната документација за извоз.
Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора на Битола вели:
„Бараме сите инспекциски служби да бидат на едно место на граничните премини. И бараме во текот на оваа година сите служби за земјоделство, техника, фитопатологија да бидат присутни на тие премини за многу полесно да се заврши работата. Сега воведуваат нов закон каде се бараат уверенија и решенија за квалитет на сите производи од фирмите каде што се прави увозот, така што брзо ќе се олесни таа постапка“, вели Велковски.
Тој уште додава:
„Царинењето трае еден до два дена, а ние бараме за два до три часа да се изврши. Сметаме дека
еден ден е многу за една фабрика да изгуби увоз-извоз, па бараме како што е секаде во Европа за еден час да помине на границата каде се врши извозот“, вели Велковски.
Од Царинската управа одговорија дека со новиот Закон за инспекциски надзор значително ќе се олесни извозот на стока од Македонија.
„Според новиот закон за инспекциски надзор кој стапи во сила, потребно е да се формира инспекциски совет. Таа постапка е во тек и ќе се реализира на почетокот на идната година. Тој совет ќе овозможи поголема координација при спроведување на надзорот. Исто така ќе има и промени кои ќе се однесуваат на категоризацијата на граничните премини и работното време на службите на граница“, изјави Ѓорги Наумовски од Царинска управа.
Инаку во пелагонискиот регион има 3.600 фирми, од кои 20 до 30 проценти се извозно ориентирани. Меѓу 300 до 500 фирми се увозно зависни со производи и репро материјали од странство кои се клучни за нивното производство.
Фирмите кои се извозно ориентирани најчесто извезуваат млечни производи и зеленчук. Но, од Регионалната стопанска комора велат дека во изминатата година не бил остварен поголем раст на извозот. Тој бележел 0,6 проценти зголемување. Од сите битолски фирми, само Битолската млекарница имала зголемување од 20 до 30 отсто на извозот.
Сега воведуваат нов закон каде се бараат уверенија и решенија за квалитет на сите производи од фирмите каде што се прави увозот, така што брзо ќе се олесни таа постапка“, велиМирко Велковски, Регионална стопанска комора на Битола.
Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора на Битола вели:
„Бараме сите инспекциски служби да бидат на едно место на граничните премини. И бараме во текот на оваа година сите служби за земјоделство, техника, фитопатологија да бидат присутни на тие премини за многу полесно да се заврши работата. Сега воведуваат нов закон каде се бараат уверенија и решенија за квалитет на сите производи од фирмите каде што се прави увозот, така што брзо ќе се олесни таа постапка“, вели Велковски.
Тој уште додава:
„Царинењето трае еден до два дена, а ние бараме за два до три часа да се изврши. Сметаме дека
Според новиот закон за инспекциски надзор кој стапи во сила, потребно е да се формира инспекциски совет. Таа постапка е во тек и ќе се реализира на почетокот на идната година.Ѓорги Наумовски, Царинска управа.