До експлозијата дошло денеска, еден ден по самоубиствениот напад во железничката станица во истиот град кога загинаа 17 луѓе, а над 40 ранети.
По вчерашниот напад беа засилени контролите на железничките станици, аеродромите и на други места.
Локалните власти спроведуваат истрага за да се утврди дали денешната експлозија била поврзана со вчерашниот, како што е оценето, терористички напад.
Досега никој не ја презеде одговорноста за вчерашниот напад, но руските претставници сугерираат дека зад него стојат исламистички милитанти од соседниот севернокавкаски регион.
Најпрвин се сметаше дека вчерашниот напад го извршила жена, но потоа Истражната комисија соопшти дека одговорен за нападот најверојатно бил маж.
Во јули чеченскиот бунтовнички лидер Доку Умаров повика на напади врз цивилни цели, вклучувајќи го и Сочи каде што за шест недели треба да почнат Зимските олимписки игри.
Волгоград, порано познат како Сталинград во чест на советскиот диктатор Сталин, е на околу 650 киломтери североисточно од Сочи.
Советот за безбденост на Обединетите нации, НАТО, Вашингтон и Брисел го осудија вчерашниот напад.
Претходно исто така имаше бомбашки напад во Волгоград. Имено во октомври седум лица загинаа во експлозија детонирана од жена самоубиец која имала врски со исламисти во Северен Кавказ.
Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на соодветните служби да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на безбедноста.
Вчерашниот напад е најсмртоносен по самоубиствениот напад во московскиот аеродром Домодедово во јануари 2011 година кога беа убиени 37 луѓе. Во Волгоград е проглаена тридневна жалост од 1 до 3 јануари.
По вчерашниот напад беа засилени контролите на железничките станици, аеродромите и на други места.
Локалните власти спроведуваат истрага за да се утврди дали денешната експлозија била поврзана со вчерашниот, како што е оценето, терористички напад.
Во јули чеченскиот бунтовнички лидер Доку Умаров повика на напади врз цивилни цели, вклучувајќи и во Сочи каде што за шест недели треба да почнат Зимските Олимписки игри.