Целта на Германија, според Андреас Шокенхоф, е интеграција на сите земји од Западен Балкан во Европската унија. Притоа, како што наведува, се оценуваат постигнувањата на секоја држава посебно.
„Нема да ги примиме групно, туку секоја треба да преговара и тоа да го заслужи, така што ќе ги применува европските стандарди. Македонија се соочува со проблем на блокада од страна на Грција поради спорот со нејзиното име. Ситуацијата во Босна и Херцеговина е многу тешка и таа веројатно е најслабата балканска земја.“
Шокенхоф оценува дека земјите од Западен Балкан се на различни нивоа кога станува збор за нивниот европски пат, но оти сите имаат иста европска перспектива. На прашањето дали освен врз Македонија, ќе се изврши притисок и врз Грција, тој вели:
„Неприфатливо е Грција во спорот со Скопје да се служи со некаков вид уценување за некои други политички цели. Сметам дека треба да извршиме притисок и врз Атина за да придонесе за рационално решение на спорот.“
Шокенхоф во интервјуто со нашиот новинар Драган Штављанин во врска со можното изнаоѓање решенија за излез од перманентната криза во која се наоѓа Босна и Херцеговина вели:
„Ние можеме да им помогнеме на одговорни политичари во Босна и Херцеговина, но не можеме да наметнуваме решенија однадвор. Сепак на крајот мораме да им предочиме на сите во таа земја дека, ако сакаат европска перспектива, тогаш мора да придонесат за политичко единство на Босна, да го уважуваат Уставот кој е обврзувачки за сите етнички групи.“
Што се однесува до јануарскиот почеток на преговорите на Европската унија со Србија и дали тоа ја подразбира обврската Белград и официјално да го признае Косово Андреас Шокенхоф смета дека не би требало да се донесе одлука за тоа во почетокот, туку на крајот на овој процес.
„Свесни сме дека не можеме да ја обврземе актуелната влада во Белград сега да го реши тоа прашање. Понекогаш е потребно да се подготви теренот за многу тешки одлуки. Затоа не го спомнавме зборот „признавање“ на Косово, бидејќи знаеме што денес тоа значи за Србија. Но, на крајот на процесот и Србија и Косово ќе мора да бидат во состојба посебно да се интегрираат во Европската унија“, вели за Радио Слободна Европа Андреас Шокенхоф, заменик претседателот на пратеничкиот клуб на Христијанско демократската партија во германскиот Бундестаг.

Секако, неприфатливо е Грција во спорот со Скопје да се служи со некаков вид уценување за некои други политички цели. Сметам дека треба да извршиме притисок и врз Атина за да придонесе за рационално решение на спорот.