Пратениците од опозицијата извадија фотографии од притворените Шиповиќ, Кежаровски, фотографи од Љубе Бошковски, Никола Младенов, од Велија Рамковски, пред премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи. На собраниската расправа посветена на правото на презумпција на невиност, притворот, слободата на изразување, пратениците им поставуваа прашања на претставници на институциите.
Премиерот Груевски рече дека тој како претставник на извршната власт, не може да се меша во судската и со тоа не може да зборува за притворот, и затоа ќе се повика на анализи.
„Колку луѓе биле во притвор оваа година, и од сите судски потврди, статиските покажуваат дека помалку од 1 процент од луѓето кои биле во судска процедура добиле притвор“, изјави премиерот Никола Груевски.
Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ, го замоли премиерот кога ќе одговара на прашањата премиерот да не кажува дека не знаел, не бил присутен или дека првпат слуша за нешто, како и да не кажува дека не врши притисок врз судството.
„Јавноста не заборави дека вие лично го викнавте во вашиот кабинет во владата, тогашниот претседател на Апелациониот суд во Скопје, Јордан Митриновски за да непосредно после тоа тој биде разрешен и од претседателската и од судската должност, веројатно затоа што не ги исполнил вашите наредби. Додека тоа го зборувавте повеќе од 60 луѓе лежеа во притвор повеќе од 135 дена, двајца браќа бизнисмени лежеа во притвор 2,5 години и на крај беа пуштени. Во притвор повеќе од година дена лежеа бремени жени, мајки кои не ги гледа своите деца.“
МВР постапува согласно Уставот и законите, повтори министерката Гордана Јанкулоска, осврнувајќи се на правото на јавен протест, кое е под нивна надлежност. Таа вели дека тоа што до сега не е покрената ниедна иницијатива пред Уставниот суд дека е нарушено уставно загарантирано право зборува дека сите обвинувања се грубо политиканство. Министерката вели дека никој не ги спречува луѓето да протестираат, но притоа да се ограничуваат правата на оние кои не протестираат.
Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ посочи дека со тоа што се даваат фотографии и снимки од апсењата, според него, најверојатно по наредба на МВР, го нарушува правото на презумпција на невиност.
„Се со цел овие луѓе да бидат предвреме оцрнети, осудени, дури и преку ваши изјави дека тоа се криминалци се изрекуваат пресуди. Главните во Македонија кои оценуваат кој е виновен, а кој не е сте или вие или некои новинари, а не судството.“
Јанкулоска одговори дека СДСМ, а не тие вршат притисок врз судството.
„Сите ваши обвинувања за наводна селективна правда се неаргументирани, многупати побиени со аргументи и вие сте партијата која секогаш се обидува да изврши притисок на институциите, вклучително и на судот.“
Јавниот обвинител Марко Зврлевски вели дека обвинителството досега го почитувала правото на презумпкција на невиност, до сега до обвинителството немало доставено аргументирани докази дека притворот како мерка се злоупотребува, а истото се однесува и за слободата на изразување.
Пратеникот Јани Макрадули од СДММ рече дека обвинителот е тој кој треба да даде одговор на многу неодговорени прашања како што се зошто не постапува за изборниот кусок на ВМРО-ДПМНЕ од 3,5 милиони евра, за наодите од ревизијата на Скопје 2014, и вандализмот врз споменикот на Цар Душан.
На што Зврлевски одговори.
„Овие случаи што ги наведовте се со датум најдалечно од месец дена, од десет дена и од три дена. Сите тие во јавното обвинителство се предмет на разгледување, така и ги известивме новинарите и ќе се добие адекватна одлука по сите пријави до нас, а ќе има и известување дали сме постапувале и по предметите по кои би требало да работиме.“
Народниот правобранител Иџет Мемети посочи на лошите услови од одредени затвори и наведе дека апелирал неколкупати мерката притвор да не се определува толку често. Пратеникот Горан Мисовски од НСДП го нарече правобранителот владин бранител, на кого на прво место наместо граѓаните му се политиките на Владата.
На собраниската расправа присуствуваа и претставници на невладини организации кои се занимаваат со човековите права и слободи, како и претставници на меѓународната заедница.
Статиските покажуваат дека помалку од 1 процент од луѓето кои биле во судска процедура добиле притвор.Никола Груевски, премиер на Македонија.
Премиерот Груевски рече дека тој како претставник на извршната власт, не може да се меша во судската и со тоа не може да зборува за притворот, и затоа ќе се повика на анализи.
„Колку луѓе биле во притвор оваа година, и од сите судски потврди, статиските покажуваат дека помалку од 1 процент од луѓето кои биле во судска процедура добиле притвор“, изјави премиерот Никола Груевски.
Пратеникот Игор Ивановски од СДСМ, го замоли премиерот кога ќе одговара на прашањата премиерот да не кажува дека не знаел, не бил присутен или дека првпат слуша за нешто, како и да не кажува дека не врши притисок врз судството.
„Јавноста не заборави дека вие лично го викнавте во вашиот кабинет во владата, тогашниот претседател на Апелациониот суд во Скопје, Јордан Митриновски за да непосредно после тоа тој биде разрешен и од претседателската и од судската должност, веројатно затоа што не ги исполнил вашите наредби. Додека тоа го зборувавте повеќе од 60 луѓе лежеа во притвор повеќе од 135 дена, двајца браќа бизнисмени лежеа во притвор 2,5 години и на крај беа пуштени. Во притвор повеќе од година дена лежеа бремени жени, мајки кои не ги гледа своите деца.“
Повеќе од 60 луѓе лежеа во притвор повеќе од 135 дена, двајца браќа бизнисмени лежеа во притвор 2,5 години и на крај беа пуштени. Во притвор повеќе од година дена лежеа бремени жени, мајки кои не ги гледа своите деца.Игор Ивановски, СДСМ.