Оригиналните носители на духовни добра од пет балкански држави ќе се претстават на концертот со кој овој петок, на сцената на МНТ – театар Центар, ќе биде одбележана десетгодишнината од донесувањето на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита, афирмација и промоција на светското културно наследство.
Романија ќе учествува со ритуалот Калуш во изведба на „Млади Калушари“ од Сабри - Магура, Бугарија со „Бистрички баби“ и специфичното пеење и обреди од шопскиот регион, Албанија со „Антеа“ од регионот на Валона и исо-полифонијата, Хрватска со своите клапи, а од Турција преку видео-презентација ќе може да се проследи религискиот, дервишки ритуал „Мевлеви Сера церемонија“. Република Македонија, пак, во оваа пригода ќе учествува со „Трио Гавровски“ и нивното долнополошко двогласно машко пеење Гласоечко и со соборското пијанечко оро „Копачка“ кое ќе го изведе истоимената фолклорна група од делчевско Драмче, кое, пак, е на ургентната листа на УНЕСКО.
Во позадината на целиот настан стои Конвенцијата за нематеријалното културно наследство која што е донесена на 17 октомври 2003 година откако ја ратификувале 35 земји членки на УНЕСКО. Оваа Конвенција се покажа како една од најважните акти на Организацијата зашто е прифатено од 155 земји од светот, а Македонија на ниво на закон ја ратификуваше во јуни 2006 година, но засега нема впишано духовно добро на листата на УНЕСКО. Во 2011 година покрај со Гласоечко, нашата земја аплицираше со уште две духовни добра – машкото оро „Копачка“ и со ритуалот за празнување на 40 великомаченици (Младенци) во штипско, а вклучени сме и во регионалната апликација за празнување на Ѓурѓовден и во мултинационалните апликации за „Мартинки“ и „Анегдотите за Насрадин оџа“ (или кај нас Итар Пејо).
Инаку, нематеријалното културно наследство, или живото наследство, се однесува на сите практики, презентации, експресии, инструменти и артефакти, знаења и вештини кои заедниците, групите или индивидуите ги препознаваат како дел од сопственото културно наследство. Тоа се пренесува од генерација на генерација, постојано се обновува и за самите носители обезбедува чувство на идентитет и континуитет, истовремено обезбедувајќи промоција и почит кон културните различности и човековата креативност.
Велика Стојкова – Серафимовска, претседателка на Националниот комитет на Меѓународниот совет за традиционална музика, вели дека Македонија во овој домен прави доста, особено во заштита на македонскиот јазик, ревитализација на занаетите, филигранството, но дека процесот да се заштити некое духовно добро на листата на УНЕСКО е долг и дека напати во донесувањето на одлуките се вмешуваат и политичките влијанија.
„Ние тоа добро треба прво дома да го имаме заштитено во листата на Националниот регистар кој што во Македонија постои и постојано се надградува. Понатаму треба да се прикаже сериозноста на државата, бидејќи веќе еднаш кога ќе се ратификува и заштити тоа добро, макар и на национална листа, државата практично презема обврски да ги спроведува актите кои што се предвидени со Конвенцијата“, вели Стојкова – Серафимовска.
Таа дополнува дека придобивката од впишувањето на листата е во признавањето на посебноста на светско ниво и дека таквиот чин на заштитување и реафирмирање на духовното добро го брендира регионот, го прави препознатлив во глобални рамки и на најразлични начини (особено преку културниот туризам) носи и тоа како позитивни економски ефекти за државата.
Кон ова само уште информацијата дека влезот на овој јубилеен концерт за 10-годишнината од Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство е слободен, а одржувањето на настанот е овозможено со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и националната комисија на УНЕСКО.
Ние тоа добро треба прво дома да го имаме заштитено во листата на Националниот регистар кој што во Македонија постои и постојано се надградува.Велика Стојкова Серафимовска, Националниот комитет на Меѓународниот совет за традиционална музика.