Парадата на стотина ЛГБТ активисти од целиот регион, амбасадори и јавни личности низ центарот на Подгорица заврши и мина без инциденти. Полициските сили и нaтаму се присутни и распоредени во „концентричните кругови“, а цело време поворката ја надгледуваше и хеликоптер на полицијата. Пред почетокот на парадата беше фрлен солзавец а регистриарни се и неколку кошкања меѓу полицајците и противниците на парадата, кои се движеа во непосредна одалеченост од поворката. ЛГБТ активистите носеа знамиња со боите на виножитото и транспаренти со натписи “Жена,мајка,лезбејка“ и „Геј е ок“