Достапни линкови

Нереди и тензии во Москва


Во Москва биле распоредени дополнителни полициски сили по најголемите антиимигрантски нереди во изминативе три години. Учесниците во протестот кршеле излози и се судриле со полицијата во јужната московска област Бирјулево. До ова дојде по убиството на руско момче за што било обвинето лице од Кавказ.

Московската полиција соопшти дека дваесетина луѓе, меѓу кои и полицајци биле ранети, додека околу 400 демонстранти биле приведени и против нив биле покренати кривачни пријави. Екстра полициските сили биле испратени откако нередите траеле преку целата ноќ. Полицијата ја затвори областа и го блокира главниот автопат што води кон Москва.
Нереди во Москва
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:27 0:00

„Луѓето кои не се рамнодушни од ситуацијата со заштитата на јавниот ред во местата каде што живеат дојдоа во полициската станица. Ние разговаравме. Само со разговори, а не со нереди можат да се решат проблемите“, изјави Александар Половинка, заменик раководител на полициската област во јужниот дел на Москва.

И заменик шефот на Советот на муфтии на Русија, Рушан Абијасов, ги повика младите без оглед на нивната националност да спречат ескалација на нередите.
Луѓето кои не се рамнодушни од ситуацијата со заштитата на јавниот ред во местата каде што живеат дојдоа во полициската станица. Ние разговаравме. Само со разговори, а не со нереди можат да се решат проблемите.
Александар Половинка, заменик раководител на полициската област во јужниот дел на Москва

Михаил Старшинов, заменик претседател на Комисијата за национални малцинства при руската Дума пак, оцени дека дел од одговорноста за настаните имаат и општинските власти.

„Фактот што луѓето биле доведени до точката да ја преземат ситуацијата во нивни раце е апсоулутно шокантен и неприфалив. Останува отворено прашањето зошто општинските власти се однесуваат вака.“

Претходно илјадници луѓе мирно протестираа, барајќи правда за убиството на 25 годишниот Јегор Шчербаков што се случи минатиот четврток. Полицијата соопшти дека тој бил избоден од непознат напаѓач, додека неговата свршеница сето тоа го гледала.

Убиецот избегал од местото на настанот, но бил фатен на безбедносните камери и на снимкaта се гледало дека тој бил од Централна Азија или од Кавказот.

Главната руска истражна агенција, Истражниот комитет, соопшти дека момчето било убиено во кавга околу девојка.

Вчерашниот мирен протест прерасна во насилни, откако група млади луѓе ги скршиле излозите на еден пазаришен центар обидувајќи се да влезат до продавниците со овошје и зеленчук кои биле во сопственост на луѓе од Кавказот.

Притоа тие извикувале националистички пароли. Нередите ескалираа откако полиција се обиде да приведе дел од демонстрантите кои потоа почнаа да фрлаат камења и шишиња врз полицајците.

Ова беа најголемите насилства против мигрантите во Москва од декември 2010 година, кога неколку илјади млади луѓе протестираа пред Кремљ по убиството на еден руски навивач за што беше обвинет човек од Северен Кавказ.

Нереди исто така имало и во други руски градови. Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека ваквите настани се опасни во мултинационалната земја.

Деновиве Путин изјави дека на Русија и треба работната сила на мигрантите, особено во градежништвото, но сугерира дека нивниот број би требало да се намали во некои други области, пред се трговијата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG