За дискриминација по етничка и политичка основа најмногу претставки од македонските граѓани пристигнуваат до Народниот правобранител Иџет Мемети. Иако нивниот број сè уште е симболичен, бројот на оние кои бараат помош секоја година расте. Тоа покажува дека граѓаните имаат потреба од заштита, вели Мемети. Од почетокот на годината до институцијата Народен правобранител стигнале 32 поединечни претставки, додека до Комисијата за антидискриминација 61 претставка.
„Но, оваа година имаме констатирано најмногу претставки по етничка основа. Ако граѓанинот на пример успее да се врати на работа, а му бил раскинат договорот за работа затоа што припаѓа на друга политичка партија или не бил вработен затоа што припаѓа на друга етничка заедница, ако успееме да го убедиме органот дека погрешил и го повредил правото и тој се враќа на работа, тогаш граѓанинот застанува тука“, рече Мемети.
Македонската администрација треба да има поголеми познавања за човековите слободи и права, вели Мемети.
„Имав еден случај каде две девојки по основ на пол беа дискриминирани во полициската школа и ние тоа го констатиравме. Го констатирав со документи. Не беа примени една Албанка и Македонка. На нивно место беа примени две момчиња. По неколку наши препораки, тие прифатија дека е така“, рече Мемети.
Слична е ситуацијата и во соседните држави. Во Црна Гора минатата година пристигнале 22 претставки по етничка основа, додека останатите претставки се однесувале на употребата на јазикот и по други основи и нивниот број на годишно ниво е околу 700, рече Народниот правобранител на Црна Гора Шучко Баковиќ.
„Кај нас со Уставот од 1992 година беше утврдено дека службен јазик во Црна Гора е српскиот јазик. Но, со Уставот од 2007 година кај нас службен јазик е црногорскиот јазик, додека во службена употреба се и другите јазици како што е српскиот и албанскиот јазик. Околу тоа во пракса има повеќе проблеми, и со оглед на тоа дека има повеќе тужби по таа основа, ние како институција се одлучивме да поднесеме иницијатива со Парламентот на Црна Гора да се донесе закон со кој на единствен начин ќе се уреди употребата на службениот јазик и јазикот во службена употреба. Таа иницијатива е добро прифатена од страна на парламентот но тој сè уште нема постапено по таа иницијатива, зошто се чека не знаеме“, рече Баковиќ.
Во Охрид деновиве се одржуваше меѓународна конференција на која омбудсманите од регионот разговараа за предизвиците со претставките по основ на етничка припадност.
Oваа година имаме констатирано најмногу претставки по етничка основа. Ако граѓанинот на пример успее да се врати на работа, а му бил раскинат договорот за работа затоа што припаѓа на друга политичка партија или не бил вработен затоа што припаѓа на друга етничка заедница, ако успееме да го убедиме органот дека погрешил и го повредил правото и тој се враќа на работа, тогаш граѓанинот застанува тука.Иџет Мемети, народен правобранител.