Достапни линкови

Спомениците не се капитални инвестиции


Најавите за одвојување на 20 проценти за капитални трошоци од догодинешниот Буџет треба да се земат со резерва, порачуваат економските аналитичари. Добро е да се трошат пари за капитални инвестиции, но важно е за што ќе се потрошат, додаваат тие.

Споменици и барокни згради не се капитални инвестиции кои придонесуваат кон значајно подобрување на животот на граѓаните, велат економистите, забележувајки дека најавите за одвојување на 20 проценти за капитални трошоци од догодинешниот Буџет треба да се земат со резерва.
Мислам дека по седум, осум години станува јасно дека оваа Влада на почетокот на секоја година предвидува големи инвестиции за да добие некакви политички поени, за потоа да се испостави дека на крајот од годината не може ни две третини од нив да ги реализира.
Никола Поповски, универзитетски професор.

Универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Поповски вели дека добро е голем дел од средствата во народната каса да се наменат за капитални инвестиции. Тој вели дека уште поважно е за што ќе се потрошат парите:

„Мислам дека по седум, осум години станува јасно дека оваа Влада на почетокот на секоја година предвидува големи инвестиции за да добие некакви политички поени, за потоа да се испостави дека на крајот од годината не може ни две третини од нив да ги реализира, односно се испоставува дека
​зголемувањето е невалидно и ги пренаменува и тоа најчесто ги пренаменува за трошоци кои немаат никаква врска со економскиот развој.“

Судејќи по изјавите од власта се чини дека како најголемо постигнување при трошењето на народните пари се издвојува редовна исплата на платите за административци и пензии. Капиталните расходи во основа
Од каде што не баш може да се осети нешто позитивно, значајно по квалитетот на животот на луѓето, значи самите споменици се во ред, меѓутоа во услови кога самиот степен на развиеност и особено од друга страна што самите економски услови, гледано глобално беа влошени, мислам дека изборот на трошење на средствата не беше направен во најдобра насока.
Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.
претставуваат трошоци преку кои владата обезбедува подобрување на условите за развојот на стопанството и обезбедува поволности за граѓаните. Што се случуваше со овие расходи во минати години? Со ребалансот на буџетот за 2012 година овие расходи се скастрени за околу 20 проценти. Износот е дополнително скратен за 12 отсто во буџетот за 2013 година.

Поповски дополнително забележува дека до сега капиталните инвестиции немаат допирни точки со економската политика на државата.

„Се уште некои проекти како Скопје 2014-та, ги влечат најголемиот дел од средствата, а тоа е за плоштади, административни згради, уредување на реката Вардар.“

Со капиталните инвестиции треба да се гради нешто што до сега не постои а инвестициите треба да се за доброто на сите – патна инфраструктура, железница и слично, појаснува економскиот аналитичар Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи. Таа додава дека како процент овие трошоци биле вклучени во минатите буџети, но дел од парите се трошеле за култура.

„Од каде што не баш може да се осети нешто позитивно, значајно по квалитетот на животот на луѓето, значи самите споменици се во ред, меѓутоа во услови кога самиот степен на развиеност и особено од друга страна што самите економски услови, гледано глобално беа влошени, мислам дека изборот на трошење на средствата не беше направен во најдобра насока.“
XS
SM
MD
LG