Достапни линкови

Визите - стап за Западен Балкан, морков за ЕУ


Европскиот парламент воведува механизам за суспензија на безвизниот режим во одредени случаи. Но тоа не мора автоматски да значи дека се враќаат визите за македонските граѓани, велат познавачите. За нив ова повеќе е предупредување.

Европскиот парламент го усвои извештајот на шпанскиот европрареник од редовите на Европската народна партија, Диаз де Мера со што се дозволува усвојување на механизмот за суспензија на безвизниот режим во одредени случаи, како и за мерки за реципроцитет.
Мислам дека тоа е повеќе стап за граѓаните на државите од Западен Балкан, а стап за граѓаните на земјите од ЕУ, отколку некаква реална можност нас повторно да ни бидат воведени визите.
Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.

Станува збор за заштитен механизам за земјите каде има прилив на лажни азиланти и илегални имигранти откако беше одобрено безвизно патување. Се проценува дека најголем број на баратели на таканаречен економски азил пристигаат од државите од Западен Балкан.

Дали со ваквата одлука се враќаат визите за македонските граѓани? Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование вели дека со усвојување на механизмот, автоматски нема да има реперкусии за патниците од земјава.

„Меѓутоа тоа значи дека постои можност некоја од државите што смета дека е загрозена од преголем број на баратели на азил од Македонија, да воведе привремено како заштитна мерка, повторно воведување на визи.“

Маричиќ смета дека станува збор за еден вид предупредување за земјите каде важи безвизниот режим кое би требало да ги мотивира државите да воведат построга гранична контрола со цел намалување на илегална миграција и лажни азиланти.
Повеќе го гледам ова како своевиден притисок кон државите кои треба да се ориентираат кон развојот, кон решавање на економските и социјалните проблеми и прашања на нивните граѓани, а не тие да бидат товар на ЕУ, така што мислам дека тоа е еден индиректен притисок кон државите кои добија визна либерализација.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

„А од друга страна и порака до јавност во државните членки на Европската унија дека ете владите на нивните држави не седат со скрстени раце во врска со зголемената нелегална или потенцијално нелегална имиграција во тие држави. Мислам дека тоа е повеќе стап за граѓаните на државите од Западен Балкан, а стап за граѓаните на земјите од ЕУ, отколку некаква реална можност нас повторно да ни бидат воведени визите.“

Одлуката нема задолжителен карактер, вели професорот Мерсел Биљали, според кого со ваквиот механизам нема да се врати поранешната состојба или визниот режим.

„Повеќе го гледам ова како своевиден притисок кон државите кои треба да се ориентираат кон развојот, кон решавање на економските и социјалните проблеми и прашања на нивните граѓани, а не тие да бидат товар на ЕУ, така што мислам дека тоа е еден индиректен притисок кон државите кои добија визна либерализација и кои треба да ги почитуваат тие правила.“

Надгледниот механизам, според предлагачите на извештајот, не е изработен само за земјите од Западен Балкан, туку за сите кои имаат безвизен режим со Шенген зоната. Македонските медиуми пренесуваат дека во дискусиите дошло до израз дека токму ситуацијата со азилантите кои доаѓаат од Западниот Балкан бара посебно внимание, бидејќи влијае врз процесот на проширување на Унијата и врз политиката на азил.
XS
SM
MD
LG