Недоволната кадровска екипираност, поточно недостигот на социјални работници во прилепскиот Центар за социјална работа сè почесто создава гужви, нервози и реакции на дел граѓани, кои велат дека треба да чекаат со денови за да им се одговори на нивните барања. Само во одделот за парична помош на граѓаните работи еден социјален работник.
„Има доста гужви, со оглед на стручниот кадар којшто работи во Центарот, многу е тешко на сите потреби на се одговори, исто така ние сме обврзани во одреден законски рок да се донесат решенија за сите законски права на граѓаните, меѓутоа се трудиме, меѓутоа, пак ќе напоменам дека е доста тешко“, вели Михаела Варошаноска и додава дека обемот на работа е преголем за еден вработен.
Во нејзиниот ресор се 417 корисници на постојана парична помош. Таа работи со деца без родители и родителска грижа, деца кои добиваат парична помош и деца без родители кои се стекнале со тој статус до 18 години, а го користат правото на студирање.
Но, не само во овој и во останатите 5 оддели недостигаат кадри. Ова ситуација, вели директорката Снежана Јованоска, е последица на природниот одлив, односно исполнување услови за пензионирање на вработените, најголем број, социјални работници.
„Моментално, според важечкиот правилник за систематизација на работни места, за нормално функционирање на Центарот потребни се 52 вработени. Во овој момент, во Центарот за социјална работа работат 40, меѓутоа од први ноември ќе работат 37, бидејќи тројца до тогаш ќе се пензионираат. Во текот на 2012 и во текот на 2013 година, по основ на пензионирање се ослободени 7 работни места“, објаснува директорката Јованоска.
Според неа, овде лежат и причините за одредени незадоволства на граѓаните кои бараат помош во конкретни ситуации, за кои треба да одлучува стручен тим, којшто, пак, не може да одлучува веднаш за бројни барања и ситуации, од социјалната сфера.
„Ние работиме со многу осетлива категорија, луѓето не можат да чекаат, затоа што проблемите се во тој момент, афективни, агресивни, бараат одговор, а одговорот не е едноставен. Од напливот на многу работа, можеби понекогаш нешто ќе се згреши, нема навреме да се изврши и тогаш поединецот, граѓанинот, семејството се уште понезадоволни од нас“, вели директорката Јовановска.
Таа посочува дека за секој одлив на кадри се доставуваат барања до надлежното Министерство за нови вработувања. Според одговорот од Министерството, проблемот ќе се решава со преземање на дел адекватни кадри, кои ќе се вработат со конкурсот за вработување на деца без родители и родителска грижа, преку вработувањата во Македонски шуми, а третата опција е наредната година во државниот буџет да се одвојат пари за ангажирање на социјални работници.
Во моментов, правото на социјална парична помош во Центарот во Прилеп го остваруваат преку 2100 лица, околу 480 се корисници на постојана парична помош, а паричен надоместок за нега на друго лице користат околу 1600 граѓани. Правата од социјална заштита во Центарот, по разни основи ги остваруваат и стотици други граѓани од регионот на Прилеп и двете рурални општини: Кривогаштани и Долнени.
Има доста гужви, со оглед на стручниот кадар којшто работи во Центарот, многу е тешко на сите потреби на се одговори, исто така ние сме обврзани во одреден законски рок да се донесат решенија за сите законски права на граѓаните, меѓутоа се трудиме, меѓутоа, пак ќе напоменам дека е доста тешко.Михаела Варошаноска, социјален работник.
„Има доста гужви, со оглед на стручниот кадар којшто работи во Центарот, многу е тешко на сите потреби на се одговори, исто така ние сме обврзани во одреден законски рок да се донесат решенија за сите законски права на граѓаните, меѓутоа се трудиме, меѓутоа, пак ќе напоменам дека е доста тешко“, вели Михаела Варошаноска и додава дека обемот на работа е преголем за еден вработен.
Во нејзиниот ресор се 417 корисници на постојана парична помош. Таа работи со деца без родители и родителска грижа, деца кои добиваат парична помош и деца без родители кои се стекнале со тој статус до 18 години, а го користат правото на студирање.
Ние работиме со многу осетлива категорија, луѓето не можат да чекаат, затоа што проблемите се во тој момент, афективни, агресивни, бараат одговор, а одговорот не е едноставен. Од напливот на многу работа, можеби понекогаш нешто ќе се згреши, нема навреме да се изврши и тогаш поединецот, граѓанинот, семејството се уште понезадоволни од нас.Снежана Јованоска, директорка на прилепскиот Центар за социјална работа.