Американскиот претседател Барак Обама по средбата со грчкиот премиер Андонис Самарас ги истакна добрите односи меѓу двете земји и нивната соработка за многу важни прашања во светот.
„Ние разговаравме за општата ситуација на Медитеранот и на Балканот и како што премиерот рече станува збор за соседство со предизвици и Грција може да игра важна важна стабилизирачка и партнерска улога на Балканот, Северна Африка и Блискиот Исток.“
Претседателот Обама притоа изјави дека и двајцата се оптимисти во врска со прогресот околу поделениот Кипар.
На средбата се разговарало и за нередите во Египет и во Сирија, како и за заканите од Арапскиот полуостров кои беа повод за привремено затворање на десетици американски амбасади во муслиманскиот свет.
Во врска со справувањето со грчката финансиска криза претседателот Обама побара од Грција да го избалансира штедењето со мерки за економски пораст и нови вработувања.
„Од историјата знаеме дека оние земји кои имаа пораст и каде што вработеносата се зголемува полесно се справуваат со должничкиот товар од оние земји каде што луѓето се чувствуваат безнадежни. Сакаме да обезбедиме грчкиот народ да види светлина на крајот од тунелот“, изјави Обама.
Грчкиот премиер Самарас, пак, оцени дека во справувањето со кризата и во решавањето на безбедносни закани во светот е неопходна поголема соработка.
„Нашата успешна приказна исто така ќе биде успешна приказна и на Европската унија. Од друга страна ние се обидуваме да направиме колку што можеме да го стабилизираме, многу дестабилизираниот регион во кој живееме. Регионот има многу проблеми кои ќе се обидеме да ги решиме.“
Самарас исто така додаде дека ќе продолжи да работи за остварување на натамошните реформи на грчката економија.
„Жртвите што ги направи грчкиот народ се огромни. Но тие нема да бидат залудни, бидејќи акцентот ќе биде врз растот и креирањето нови работни места, особено за младите“, рече Самарас по средбата со претседателот Обама кој пак се соочи со импровизиран бараж на прашања, но за односите меѓу Соединетите држави и Русија.
Притоа Обама најави дека денеска во Белата куќа ќе одржи прес конференција на која новинарите ќе можат да поставуваат прашања и за руско-американските односи.
Тензиите меѓу двете земји се интензивраа по одбивањето на Москва да го екстрадира поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден кој откри детали за американските тајни програми за електронско следење.
Деновиве Обама ја обвини Русија за враќање кон менталитетот на Студената војна и ги откажа плановите за тет а тет средба со рускиот претседател Владимир Путин идниот месец во Санкт Петербург, за време на самитот на Г8.
По денешната прес конференција во Вашингтон Обама заминува на деветдневен одмор на Источниот брег, во Масачусетс, по што го чекаат и низа домашни проблеми пред се прашањата повразни со буџетот и со спротивставувањето на Републиканците кои во Претставничкиот дом на Конгресот имаат мнозинство.
„Ние разговаравме за општата ситуација на Медитеранот и на Балканот и како што премиерот рече станува збор за соседство со предизвици и Грција може да игра важна важна стабилизирачка и партнерска улога на Балканот, Северна Африка и Блискиот Исток.“
Претседателот Обама притоа изјави дека и двајцата се оптимисти во врска со прогресот околу поделениот Кипар.
Ние разговаравме за општата ситуација, на Медитеранот и на Балканот и како што премиерот рече станува збор за соседство со предизвици и Грција може да игра важна важна стабилизирачка и партнерска улога на Балканот, Северна Африка и Блискиот ИстокБарак Обама, претседател на САД
Во врска со справувањето со грчката финансиска криза претседателот Обама побара од Грција да го избалансира штедењето со мерки за економски пораст и нови вработувања.
„Од историјата знаеме дека оние земји кои имаа пораст и каде што вработеносата се зголемува полесно се справуваат со должничкиот товар од оние земји каде што луѓето се чувствуваат безнадежни. Сакаме да обезбедиме грчкиот народ да види светлина на крајот од тунелот“, изјави Обама.
Грчкиот премиер Самарас, пак, оцени дека во справувањето со кризата и во решавањето на безбедносни закани во светот е неопходна поголема соработка.
„Нашата успешна приказна исто така ќе биде успешна приказна и на Европската унија. Од друга страна ние се обидуваме да направиме колку што можеме да го стабилизираме, многу дестабилизираниот регион во кој живееме. Регионот има многу проблеми кои ќе се обидеме да ги решиме.“
Самарас исто така додаде дека ќе продолжи да работи за остварување на натамошните реформи на грчката економија.
Нашата успешна приказна исто така ќе биде успешна приказна и на Европската унија. Од друга страна ние се обидуваме да направиме колку што можеме да го стабилизираме, многу дестабилизираниот регион во кој живееме. Регионот има многу проблеми кои ќе се обидеме да ги решиме.Андонис Самарас, премиер на Грција