Новинарите и новинарските здруженија за прв пат во изминативе неколку години со неподелен став – новинарот Томислав Кежаровски од Нова Македонија да биде ослободен од притвор и да му се дозволи да се брани од слобода.
Тој е обвинет дека во новинарски текст од 2008 година, во сега веќе непостоечкиот неделник „Репортер 92“ наводно го открил идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство. Неговите колеги тврдат дека тој е невин и бараат, додека судот не утврди вина, Кежаровски да биде пуштен да се брани од слобода. Барањето за негово ослободување е поддржано од сите медиумски асоцијации и невладини организации за медиуми во земјава.
Новинарите и различните новинарски здруженија изминативе години имаа различен став во однос на декриминализацијата на клеветата и навредата, во однос на слободата на медиуми, за актуелниот нацрт-закон за медиуми и речиси за сите прашања поврзани со медиумите, но сега скоро сите се на иста страна.
Професор Весна Шопар вели дека, според сознанијата што ги има, барањата на новинарите се сосема оправдани и затоа не е изненадена од нивното заедништво. Очигледно е дека точката околу која може да се обединат сите новинари и новинарски здруженија, се заштита на законските права на новинарите, вели таа.
„На пример во случај кога се работи за, еве пример, правото на новинарите на суд да го штитат изворот на информации и тој не мора да го кажат. Тоа мислам дека е многу значајно и тука веќе нема дискусија понатаму. Мислам дека тоа е допирната точка и дека сите подеднакво стојат зад тоа“, вели Шопар.
Комуникологот Климе Бабунски, пак, вели дека не може да се изведуваат никакви заклучоци од само еден случај. Не би било реално да се бара големо заедништво во случај кога постојат различни здруженија кои имаат различни, па и спротивставени интереси, вели Бабунски и додава дека кога би имало повеќе прашања за кои би имале заеднички став, би можело да се анализира кои се точките на обединување на различните здруженија. Заеднички став може да има за професионалните или правни стандарди кои гарантираат слобода на изразување, вели тој.
„Дури и кога би имало една, условно кажано, светла иднина или една добра историја на случаи кои ќе го покажуваат заедништвото, тоа не значи дека повторно некогаш, поради икс причини, нема да се соочиме со она што досега го гледавме, односно некои да се здруженија, а некои да глумат професионално здружение“, вели Бабунски.
На пример во случај кога се работи за, еве пример, правото на новинарите на суд да го штитат изворот на информации и тој не мора да го кажат. Тоа мислам дека е многу значајно и тука веќе нема дискусија понатаму. Мислам дека тоа е допирната точка и дека сите подеднакво стојат зад тоа.Весна Шопар, универзитетски професор.
Тој е обвинет дека во новинарски текст од 2008 година, во сега веќе непостоечкиот неделник „Репортер 92“ наводно го открил идентитетот на заштитен сведок во случај за убиство. Неговите колеги тврдат дека тој е невин и бараат, додека судот не утврди вина, Кежаровски да биде пуштен да се брани од слобода. Барањето за негово ослободување е поддржано од сите медиумски асоцијации и невладини организации за медиуми во земјава.
Новинарите и различните новинарски здруженија изминативе години имаа различен став во однос на декриминализацијата на клеветата и навредата, во однос на слободата на медиуми, за актуелниот нацрт-закон за медиуми и речиси за сите прашања поврзани со медиумите, но сега скоро сите се на иста страна.
Тоа не значи дека повторно некогаш, поради икс причини, нема да се соочиме со она што досега го гледавме, односно некои да се здруженија, а некои да глумат професионално здружение.Климе Бабунски, комуниколог.