Достапни линкови

Изборни игри во СДСМ


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на предизборен митинг во Скопје, 17 март 2013.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на предизборен митинг во Скопје, 17 март 2013.

Најголемата опозициска партија СДСМ треба на Конгрес на 2 јуни да избере нов лидер. Еден од фаворитите Зоран Заев наводно изразил незадоволство од постапките на некои кандидати. Во меѓувреме, на теренот иницијатива Црвенковски да остане на чело на партијата. Тоа, според некои аналитичари, би било катастрофа за партијата, за која сепак, најважно е не само промена на лидерот туку и да стане вистинска социјал демократска партија.

Социјалдемократски сојуз има шанса да ималементира промени по заминувањето на долгогодишниот шеф на опозициската партија Бранко Црвенковски, но менувањето водачот како фигура не е гарант за тоа, сметаат политиколозите.

Граѓаните анкетирани за рубриката Хајд Парк на нашата интернет страница се со поделени мислења околу промената во најголемата опозициска партија.

„Не само Бранко Црвенковски, треба да се промени и целокупното раководство, да дојдат млади луѓе со нови идеи, со конкретни идеи, со конкретни програми.“

„Сметам дека без Бранко СДСМ нема да биде СДСМ, затоа што тој е прав лидер, човек со харизма, мудар, во минатото повлекол паметни потези.“
Хајд Парк - Каков ќе биде СДСМ без Бранко Црвенковски?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Прво и најважно е да се има искрен пристап од сегашниот лидер, вели политикологот Мерсел Биљали.
Од него се очекуваше од моментот кога поднесе оставка да назначи вршител на должноста, некој кој има повисок рејтинг во членството на СДСМ и во јавноста.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

„Од него се очекуваше од моментот кога поднесе оставка да назначи вршител на должноста, некој кој има повисок рејтинг во членството на СДСМ и во јавноста. Сега дури има такви сознанија дека им е укажано на некои локални организации или месни одбори повторно да го подржат истиот лидер, што ќе беше катастрофа за СДСМ.“

Заминувањето на Бранко Црвенковски од лидерската позиција на партијата е шанса за нужна промена во СДСМ ако опозиционерите сакаат да победат на избори, вели политикологот Здравко Савески.

„На СДСМ не ми треба само промена на личноста која е на чело на партијата, туку треба конечно да дојде до социјалдемократизација на нивната политика во смисла како една типична социјалдемократска партија по идеологија да застапуваат интереси во корист на сиромашното мнозинство од народот.“

Идеолошката доследност може да донесе зголемена подршка за СДСМ од граѓаните, смета Савески.

„Без идеолошка промена, персоналната промена на партијата не гарантира голем успех во иднина за СДСМ.“
XS
SM
MD
LG