Папата Франческо беше устоличен во присуство на десетици илјади луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан, како и повеќемина светски државници. Со тоа тој и формално стане лидер на околу милијарда и 200 милиони римокатолици во светот.
Меѓу државниците кои присуствуваа на настанот, беа и Кристина Кирхнер, претседателка на Аргентина, родната земја на папата, германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот потпретседател Џо Бајден, како и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Категории
- Македонија
- Свет
- ТВ Тема на неделата
- ТВ Тема на денот
- Во 90 секунди