Буџетот лани не се полнел според предвиденото, а прогнозите не се оптимистички ни за годинава, велат економските аналитичари со кои разговаравме. Потфрлувањето на буџетот за минатата година, само покажува во каква состојба се наоѓа државата, луѓето немаат пари, стопанството е на колена, коментираат експертите за податоците дека минатата година буџетската каса останала покуса за 186 милиони евра. Со рабалансот владата планираше да собере 2 милијарди и 427 милиони евра, но ланската година се собрале 2 милијарди и 241 милиони евра.
Податоците покажуваат не само загрижувачка, туку една катастрофална состојба, коментира поранешниот пратеник и економскиот аналитичар Слободан Најдовски.
Според него особено загрижувачки се ниските приходи по основ на даночни приходи односно ДДВ и персоналниот данок на доход, а тоа покажува дека изводните приходи на буџетот на државата се намалуваат, а преку висината на ДДВ-то и персоналниот данок на доход се гледа и економската состојба во државата, односно состојбата во стопанството, вели Најадовски.
„Самото тоа ни покажува дека македонското стопанство е веќе на колена, дека тешко ќе се опоравува и дека веќе не е проблем само светската и кризата во ЕУ, туку веќе проблем станува и домашната политика на Владата.“
Владата лани планирала по основ на ДДВ да собере 718 милиони евра, а се собрале 630.
Најадовски вели дека она што особено загрижува е тоа што има хроничен недостаток на средствата за пензискиот фонд.
„Ако некаде кој 2005-2006-та година имаше нодостаток од 20 до 22 отсто за потребите за сипалата на пензии, кои се дотираа од буџетот, сега веќе се стигнува на границата накаде од 33 до 35 осто потреба за дотација од буџетот и тоа ќе го доведе пензискито фонд во иднина во една тешка ситуација.“
Политичкиот аналитичар Висар Адеми вели дека поради кризата компаниите имаат помалку приоходни активноста, а тоа се одразува и на буџетот.
„Ако немате бизнис нема да можете да ги платите обврските кон државата. И друга работа која е многу важна, јас мислам дека сега државата го стега обрачот и се обидува со казни и со некои репресивни практики и политики да го срегне приватнито сектор, за кое навистина мислам дека е лошо.“
Тој нема оптимистиччки проекции ниту за годинава, вели дека догодина може да се размислува за евентуални подобрувања.
Ако се погледне, пак расходната страна и тука ќе се забележи дека, државата потрошила помалку пари од планираното, наместо 2,6 милијарди евра колку што планирала, таа потрошила 2, 5 милијарди евра. Ниту минатата година не се релизирани планираните капитални расходи. Ребалансот на буџетот предвидуваше за таа намена да се поторшат близу 348 милиони евра, а за капитални расходи се потрошени 305 милиони евра.
Самото тоа ни покажува дека македонското стопанство е веќе на колена, дека тешко ќе се опоравува и дека веќе не е проблем само светската и кризата во ЕУ, туку веќе проблем станува и домашната политика на Владата.Слободан Најдовски, поранешен пратеник и економски аналитичар.
Податоците покажуваат не само загрижувачка, туку една катастрофална состојба, коментира поранешниот пратеник и економскиот аналитичар Слободан Најдовски.
Според него особено загрижувачки се ниските приходи по основ на даночни приходи односно ДДВ и персоналниот данок на доход, а тоа покажува дека изводните приходи на буџетот на државата се намалуваат, а преку висината на ДДВ-то и персоналниот данок на доход се гледа и економската состојба во државата, односно состојбата во стопанството, вели Најадовски.
„Самото тоа ни покажува дека македонското стопанство е веќе на колена, дека тешко ќе се опоравува и дека веќе не е проблем само светската и кризата во ЕУ, туку веќе проблем станува и домашната политика на Владата.“
Ако немате бизнис нема да можете да ги платите обврските кон државата. И друга работа која е многу важна, јас мислам дека сега државата го стега обрачот и се обидува со казни и со некои репресивни практики и политики да го срегне приватнито сектор, за кое навистина мислам дека е лошо.Висар Адеми, политички аналитичар.