Достапни линкови

Пред истражен судија призна, на судењето за „Монструм“ се пишмани


Судскиот процес „Монструм“ за петте убиства кај Смиљковското Езеро на 12 април 2012 година.
Судскиот процес „Монструм“ за петте убиства кај Смиљковското Езеро на 12 април 2012 година.

Еден од обвинетите во случајот Монструм, Хаки Азири ја смени првичната изјава дадена пред истражен судија. Пред Судот негираше каква било вмешаност во петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

Обвинетиот за помагање на тероризам во случајот Монструм Хаки Азири ја повлече изјавата што пред истражниот судија ја даде на 7 мај дека на денот на убиството ги возел обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Тој во седумчасовното сведочење пред Кривичнот суд во Скопје негираше каква било вмешаност во петкратното убиство кај Смиљковското Езеро. Тврди дека вечерта кога се случил настанот бил на гости во Гази Баба, а со него бил и неговиот братучед кој е обвинет и е во бегство, Алил Демири.

Тоа не беа мои зборови кои беа кажани под насилство. Јас не можев да го истрпам психичкото малтретирање. Во МВР ме натераа да дадам таков исказ пред истражниот судија за да бидам ослободен.
Изјава на обвинетиот Хаки Азири пред судот.
Во судот беше пуштено видео со првичната изјава на Азири за јавноста да биде запознаена што точно кажал обвинетиот за време на истрагата, кога претходно беше во функција на заштитен сведок. Азири тврди дека кажал дека бил вмешан во убиството, поради притисоците и заканите со кои се соочил и затоа морал да лаже.

„Тоа не беа мои зборови кои беа кажани под насилство. Јас не можев да го истрпам психичкото малтретирање. Во МВР ме натераа да дадам таков исказ пред истражниот судија за да бидам ослободен“, рече Хазири пред судот.

Како не ви е срам. Убијци. Ќе горите во пеколот.
Еден од родителите на убиените момчиња.
На прашањето на судијата Ивица Стефановски зошто не реагирал и не ги пријавил заканите, Хазири рече дека се плашел за неговиот живот и дека за убиството дознал од интернет. Четири дена пред апсењето тој тврди дека престојувал во Косово кај неговиот братучед Иса Бињали, чие име се спомнува во обвинението како организатор на бегството на обвинетите.

Во судницата за случајот „Монструм“ за првпат влегоа роднините и родителите на убиените момчиња и рибарот, кои беа отстранети пред обвинетиот Хаки Азири да даде исказ. На излегувањето еден од родителите им се обрати на обвинетите со зборовите:

„Како не ви е срам. Убијци. Ќе горите во пеколот.“

Судскиот процес за случајот Монструм започна на 20 декември, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. На другите двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, ќе им се суди во отсуство.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG