Православните христијани денеска го слават Христовото раѓање-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржаа божикни литургии. Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски присуствуваа на централното одбележување во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан богослужеше Златоустова литургија. Премиерот Никола Груевски, пак, присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“ во Скопје, а лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски во црквата „Свети Јован Крстител“ во Скопје.
Категории
- Македонија
- Свет
- ТВ Тема на неделата
- ТВ Тема на денот
- Во 90 секунди