Достапни линкови

Меѓуетничките тензии не се минато


Од говор на омраза на социјалните мрежи, до тепачки на натпревари и насилство во јавниот превоз... Од Министерството за внатрешни работи уверуваат дека инцидентите кои се случија во последно време се расчистуваат, додека упатените велат подобро е да се спречи отколку да се лечи.

Судејќи по медиумските извештаи, се добива впечаток дека прв вентил за меѓуетничката нетрпеливост се спортските настани, судејќи по бројот на инциденти на ваквите собири. Последниот инцидент заврши крваво. Симпатизери на кошаркарски тим истепаа и прободеа малолетник, симпатизер на противничка екипа. Бранко Прелоговски е основач на навивачка група за која нема извештаи дека била инволвирана во инциденти.
Тоа што се случува во општеството, се случува и кај навивачите, затоа што нели претежно се на возраст од 18 до 30 години. Се што се случува, дали е добро или лошо, тоа се отсликува таму, широк слој на луѓе е, има од вработени, невработени, високообразовани, доктори, магистри, има и необразовани.
Бранко Прелоговски, основач на навивачка група.


„За такви инциденти за какви зборувате, не сме биле инволвирани, ниту пак некогаш сме имале намера да бидеме вклучени. Ние како група си имаме цели и програма, си навиваме ФК Вардар, го подржуваме на секаде. А што се однесува на говорот на омраза, мислам дека тоа е прашање што не треба до нас да биде упатено.“

Навивачите се слика на општеството

Навивачите се слика на општеството, вели Прелоговски.

„Тоа што се случува во општеството, се случува и кај навивачите, затоа што нели претежно се на возраст од 18 до 30 години. Се што се случува, дали е добро или лошо, тоа се отсликува таму, широк слој на луѓе е, има од вработени, невработени, високообразовани, доктори, магистри, има и необразовани.“

Говорејќи за инстанците на насилство меѓу навивачи, Прелоговски вели дека за тоа секогаш се потребни двајца.
Втората вистина која досега никој не ја побил, не ја довел во прашање е тоа што всушност најголемата инспирација за ваквиот тип на навивање тие го црпат од политиката, од она што се случува на таа официјална, отворена сцена на општеството.
Илија Ацески, социолог.

„Може да се спречи ако се сака од двете страни или од три или четири колку и да се вклучени во случајот.“

Националистички пораки на спортските арени

Социологот Илија Ацески вели дека пораките кои се испраќаат на стадионите во регионов се главно националистички обоени.

„Втората вистина која досега никој не ја побил, не ја довел во прашање е тоа што всушност најголемата инспирација за ваквиот тип на навивање тие го црпат од политиката, од она што се случува на таа официјална, отворена сцена на општеството.“

Она што политичарите го изразуваат на условно кажано културен начин длабоко се одразува, вели Ацески.
Зависи од кој автобус, на пример оние кои возат од кај Бит-пазар, од другата страна, не се безбедни.
Анкетиран граѓанин.

„На деца, млади до адолесценти до 18 години, до 20 години, кадешто главната поената им е да го потенцираат токму тој момент на сопствената припадност, затоа тие имаат така наречена племенска психологија, психологија на стадо, на група.“

Живееме во националистичко општество, смета професорот.

Вреди да се спомене дека инцидентите не изостануваат од стадионите во регионот. При последниот кој настана во Подгорица беа повредени деветмина.

Сметам дека е крајно непотребно и крајно неиздржано некои политичари да се обидуваат да го градат сопствениот рејтинг или рејтингот на нивната партија преку импровизации и шпекулации по однос на безбедноста на Република Македонија или ако сакате дотолку повеќе преку обиди да се нарушат меѓуетничките односи, односно лажно да се презентира една фактичка слика која како што може да видите бројките ја илустрираат на сосема поинаков начин од оној што го тврди опозицијата.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.
Автобусите како бојно поле

Освен околу спортските објекти, инциденти настануваат и во јавниот сообраќаен превоз. Две момчиња беа истепани на автобуската станица кај Бит-пазар. Пред тоа двајца малолетници беа повредени во тепачка во автобус број 65 на булеварот Крсте Мисирков. Повеќето инциденти се разрешени, информираат од Министерството за внатрешни работи. Сепак, се покрева прашањето дали граѓаните се чувствуваат безбедни во јавниот превоз?

„Зависи од тоа во кои автобуси се возиме.“

„Зависи од кој автобус, на пример оние кои возат од кај Бит-пазар, од другата страна, не се безбедни.“

Различни одговори даваат анкетираните на прашањето што ги предизвикува инцидентите.

„Самата ситуација што се случува во земјата, тоа е, политиката, телевизијата.“

„Таква е политиката.“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во неделното интервју за Радио Слободна Европа, вели дека во ниту еден момент не се тврди дека во општеството нема проблеми.
Се повеќе практиката го потврдува тоа сомневање дека намерно одредени политичари прво поттикнуваат национализам, па потоа кога тоа евентуално малку ќе излезе од контрола земаат и ја спуштаат топката. Позитивната работа од сето ова однесување е што нивниот партиски имиџ се билда на тој начин
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Илузорно е да се тврди такво нешто, бидејќи што ние сите и како граѓани сме сведоци на проблеми од различен тип кои се јавуваат во општеството, меѓутоа она што е релевантно е дека има тренд на намалување, односно трендот е негативен, што значи дека состојбите се подобруваат.“

Вреди да се спомене дека за сега нема официјални податоци за стапката на криминалитет во Македонија за годинава. МВР како институција има капацитет да реагира тогаш кога е потребно, вели министерката.

„Сметам дека е крајно непотребно и крајно неиздржано некои политичари да се обидуваат да го градат сопствениот рејтинг или рејтингот на нивната партија преку импровизации и шпекулации по однос на безбедноста на Република Македонија или ако сакате дотолку повеќе преку обиди да се нарушат меѓуетничките односи, односно лажно да се презентира една фактичка слика која како што може да видите бројките ја илустрираат на сосема поинаков начин од оној што го тврди опозицијата.“

Подобро да се спречи, отколку да се лечи

Се поставува прашањето дали е подобро да се спречи отколку да се лечи, имено, дали е практично надлежните да се справуваат со инцидентите откако ќе настанат или да се делува превентивно? Политикологот Здравко Савески вели дека носителите на функции реагираат по инцидентите и ја „спуштаат топката“.

„Тоа е сосема во ред во такви моменти, но треба да се има предвид дека инцидентите не се случуваат доста случајно и колку политичарите придонесуваат за создавање на атмосфера на меѓуетничка недоверба и дека токму таа атмосфера кои тие ја создаваат е виновна за инцидентите.“

Не смее да се дозволи инцидентите да дојдат во доцна фаза, вели Савески.

„Дури може, иако сето тоа се уште е на база на шпекулација, но се повеќе практиката го потврдува тоа сомневање дека намерно одредени политичари прво поттикнуваат национализам, па потоа кога тоа евентуално малку ќе излезе од контрола земаат и ја спуштаат топката. Позитивната работа од сето ова однесување е што нивниот партиски имиџ се билда на тој начин.“

Политичките партии многу лесно манипулираат со младите

Упатените велат дека младите стануваат зависни од политиката, поконкретно од партијата на власт. Во продолжение на емисијата проследете го разговорот со професорот по криминологија Владимир Пивоваров.

РСЕ: Имаме етничка нетрпеливост меѓу младата популација, дали тоа се должи на они случувања на високо ниво?

Ова прашање може да го набљудуваме од два аспекта, прво како граѓани на Република Македонија, не би кажал дека постои нетрпеливост помеѓу младите Албанци и Македонци, од друга страна нормално е дека политичките партии што се покажа со години наназад дека многу лошо ја менаџираат оваа состојба со меѓуетничките конфликти. Политичките партии многу лесно манипулираат со младата популација, затоа што како што нарко уживателите се зависни од хероинот, така и младата популација е зависна од политичките партии, нормално тие кои се на власт, затоа што партиите кои се на власт без разлика на портфолиото, CV-то, квалитетот на образование на младите одлучуваат дали тие ќе бидат или нема да бидат вработени, дали кога тие ќе извршат кривично дело ќе бидат или нема да бидат осудени, значи во секоја пора на општеството влезе политиката што е многу жално.

Проследете го остатокот од разговорот со Пивоваров на видеото.
Пивоваров: Во Македонија се спроведува партиско право
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:25 0:00
Говорот на омраза не е дел од слободата на изразување

Предиспозиција за инцидентите е говорот на омраза, се согласуваат упатените. Кратко пребарување на социјалните мрежи дава резултати на неколку активни и постоечки групи и профили преку кои се шири омраза за една или за друга етничка заедница. Говорот на омраза не е дел од слободата на изразување, вели програмскиот директор на фондацијата „Метаморфозис“ Филип Стојановски.

„Со говорот на омраза се подготвува терен за физичко насилство или за низа други постапки во општеството кои ја ограничуваат слободата и основите човекови права. Токму затоа таквиот тип на изразување, тие содржини се спротивни на самиот поим слобода и затоа се ограничени со закон.“

Според програмскиот директор на фондацијата Метаморфозис, спречувањето на говорот на омраза не треба да се коси со уставното право на слобода на мислење и изразување.
Стојановски: Говорот на омраза е кривично дело
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:21 0:00
Политичарите последен пат во март во собранието разговараа за меѓуетничките инциденти. Покрај префрлање на вината за тоа кој е одговорен за тензиите, партиите се согласија дека треба да се смират страстите.
XS
SM
MD
LG