„Мизар“ и „Лајбах“, групите што во почетокот на 1980-те со своите проекти „Македонска стрељба“ и „Нова словенечка уметност“ станаа симбол на контракултурната преродба и гордост на бунтовните генерации кои од Вардар до Триглав не се миреа со безидејноста и трулежот на комунизмот, наново ќе се искачат на заедничка сцена. Овојпат тоа ќе го сторат во Скопје без да го имаат нашминканиот Американец со квази-готски пориви Мерилин Менсон да им дише во вратот како на годинашниот белградски „Ај кју мјузик фестивал“ или нешто пред тоа на извиканиот масовен новосадски „Егзит“.
„Ние во последниве две години на двапати свиревме заедно. Лани на „Егзит“ и годинава на „Ај кју музичкиот фестивал“ во белградска „Арена“, така што новите материјали и новите концепти веќе сме и ги претставиле на публиката од иста сцена“, вели Горазд Чаповски, гитаристот, основачот и единствениот оригинален член на „Мизар“.
Тој, осврнувајќи се на влијанието на „Мизар“ и на „Лајбах“ врз поширокиот субкултурен простор и врз демократизацијата на општествените односи во републиките од тогашна Југославија, од денешен аспект забележува дека независно едни од други претставиле доста прогресивни идеи.
„Пред сè и двата бенда успеаја да создадат еден свој автентичен израз базиран на сопствената традиција, со тоа што тие го насочија погледот кон Запад, а ние тргнавме кон источната култура. Гледано од денешен аспект, цели три децении подоцна, мислам дека доста прогресивни идеи излегоа од двете страни. И од Словенија и од Македонија како два антипода и како две републики од поранешната држава.“
Инаку, колку за потсетување „Мизар“, по обелоденувањето на својот истоимен деби албум во 1988 година за словенечки „Хелидон“, епитетот најпопуларна група во тогашна Југославија го оствари не само со авангардната звучна слика, која се потпираше на дотогаш нечуениот спој на рокенролот, со византиската традиција, старословенското пеење и изворната народна музика, туку и со текстовите на песните пеени на мајчиниот македонски јазик, што во дадените услови беше речиси ерес. Од таму, по серијата албуми како „Свјат дримс“ (1991), „Кобна убавина“ (2004), „Поглед кон цветната градина“ (2007) и „Детето и белото море“ заедно со хорот „Хармосини“(2010), нималку не чуди што Чаповски е убеден оти движењето допрва треба да се развива и да носи плодови.
„Мизар е едно движење кое сè уште е на својот почеток и кое ќе има свое големо влијание понатаму. Пред сè како музичка форма која што не е истражена доволно. Сигурен сум дека новите генерации ќе продолжат по патот по кој одеше „Мизар“ во овие три изминатите децении.“
Од друга страна, „Лајбах“ доаѓа во Скопје во рамките на светската турнеја „Доаѓаме во мир“(We Come In Peace). Членовите на бендот минатата година работеа на музиката за научнофантастичниот филм „Железно небо“ (Iron sky), кој е делумно инспириран од нивниот концепт на делување.
Серијата концертни настапи словенечкиот бенд ја започна во април, а сет листата овојпат покрај класиците како „Geburt Einer Nation“, „Leben Heisst Leben“, „War“, „Across the universe“ и други, ги содржи и некои од песните од нивните две последни албумски остварувања Laibach Revisited и Reproduction Prohibited.
Ние во последниве две години на двапати свиревме заедно. Лани на „Егзит“ и годинава на „Ај кју музичкиот фестивал“ во белградска „Арена“, така што новите материјали и новите концепти веќе сме и ги претставиле на публиката од иста сценаГоразд Чаповски, гитарист на „Мизар“.
„Ние во последниве две години на двапати свиревме заедно. Лани на „Егзит“ и годинава на „Ај кју музичкиот фестивал“ во белградска „Арена“, така што новите материјали и новите концепти веќе сме и ги претставиле на публиката од иста сцена“, вели Горазд Чаповски, гитаристот, основачот и единствениот оригинален член на „Мизар“.
Тој, осврнувајќи се на влијанието на „Мизар“ и на „Лајбах“ врз поширокиот субкултурен простор и врз демократизацијата на општествените односи во републиките од тогашна Југославија, од денешен аспект забележува дека независно едни од други претставиле доста прогресивни идеи.
Пред сè и двата бенда успеаја да создадат еден свој автентичен израз базиран на сопствената традиција, со тоа што тие го насочија погледот кон Запад, а ние тргнавме кон источната култура. Гледано од денешен аспект, цели три децении подоцна, мислам дека доста прогресивни идеи излегоа од двете страни. И од Словенија и од Македонија како два антипода и како две републики од поранешната држава.Горазд Чаповски, гитарист на Мизар.