Политичките лидери на Србите од северниот дел на Косово со кои Радио Слободна Европа разговараше сметаат дека завршувањето на надгледуваната независност нема да ја промени позицијата на Србите кои не ја признаваат независноста на Косово.
Претседателот на српскиот Национален Совет за северно Косово Милан Ивановиќ изјави дека Србите во северно Косово нема да прифатат интеграција во системот. Ивановиќ вели дека одредено количество на вознемиреност кај граѓаните во северниот дел, сепак, постои.
„Гледаме дека постојат силни трупи на КФОР, кои се прецизно лоцирани тука во северниот дел на административна линија во пограничните области, кои се очигледно тука за наше дисциплинирање. Се зголеми и реториката за тоа како Северно Косово е криминализано, како и оти тука работите работите не се решаваат. Но, тие не се решени, бидејќи тука постојат Срби, а каде што не постојат Срби, се разбира, работите се решаваат. И ако мислат дека проблемите ќе се решат на начин што тука нема да има Срби, јас ви велам дека ќе се спротивставиме со сите легитимни и демократски средства, се разбира, на мирен начин, бидејќи ова е нашата борба за живот, за опстанок“, вели Ивановиќ.
Марко Јакшиќ, исто така, претставник на Србите во северниот дел на Косово, истакна дека во суштина завршувањето на надгледуваната независност во овој дел на Косово не менува ништо.
„Тоа за нас Србите тука не се однесува, бидејќи тоа е дел од планот на Ахтисари. Сами знаете дека државата Србија не ја прифати, а дури и Советот за безбедност не ја прифати независноста на Косово. Па и Меѓународната управна група не е навистина меѓународна, бидејќи таа се состои од само оние земји кои го признаа Косово. Ние сме, според тоа, дел од српската држава, ние го почитуваме српскиот Устав и резолуцијата на Советот за безбедност 1244, во која јасно се наведува дека не само северот на Косово, туку цело Косово е дел од Србија. Јас лично мислам дека косовските Албанци еден ден ќе разберат и ќе се вратат повторно таму каде што припаѓаат, а тоа е нивната матична српска држава, бидејќи тие немаат друга држава“, смета Јакшиќ.
Инаку, Меѓународната управна група во понеделникот го заврши процесот на надгледувана независност на Косово и мандатот на Меѓународниот цивилен претставник во Приштина согласно планот на Марти Ахтисари, а врз чија основа Косово прогласи независност на 17 Февруари 2008 година. На Косово и натаму продолжува присуството на силите на НАТО, КФОР, а својата работа ја продолжи и мисијата ЕУЛЕКС.

Тука постојат Срби, а каде што не постојат Срби, се разбира, работите се решаваат. И ако мислат дека проблемите ќе се решат на начин што тука нема да има Срби, јас ви велам дека ќе се спротивставиме со сите легитимни и демократски средства, се разбира, на мирен начин, бидејќи ова е нашата борба за живот, за опстанок.Милан Ивановиќ, претседател на српскиот Национален Совет за северно Косово.