Достапни линкови

Владата шампион во трошење пари за реклами


Кампања на ВМРО-ДПМНЕ против опозицискиот СДСМ.
Кампања на ВМРО-ДПМНЕ против опозицискиот СДСМ.

Владата од 18-то, скокна на 4-то место по рекламирање во медиумите, според анализата на Советот за радиодифузија за 2011-та година.

Реклами за се и сешто, од отчет за сработеното, информирање за разни проекти па се до промоција на туризам, можности за инвестирање, како и пораки да бидеме иновативни и да се образуваме. Владата од 18-то, скокна на 4-то место по рекламирање во медиумите, според анализата на Советот за радиодифузија за 2011-та година.
Ова кај нас доаѓа од причина што нема ни ред, ни поредок, особено во овие последни шест години, знаеме каков е односот на владата кон саморекламирањето и тој дел од политиката нејзина веројатно смета дека со рекламата ќе добијат нешто повеќе.
Мирче Адамчевски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски, вели дека ако се земе предвид и рекламирањето на Владата на Македонската радио телевизија, за чија услуга не плаќа, таа би била апсолутен шампион во трошењето пари.

„Ова кај нас доаѓа од причина што нема ни ред, ни поредок, особено во овие последни шест години, знаеме каков е односот на владата кон саморекламирањето и тој дел од политиката нејзина веројатно смета дека со рекламата ќе добијат нешто повеќе, меѓутоа понекогаш рекламата е контрапродуктивна.“
Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци
Министерот за здравство Никола Тодоров сликан со болнички душеци

Поранешниот антикорупционер Ариф Муса, вели дека нема потреба владата да се рекламира во медиумите и за тоа да ги троши парите на народот.
Апсолутно не треба да троши пари околу рекламирање.Не гледам причина дека треба да се рекламираат дека направиле нешто.
Ариф Муса, поранешен антикорупционер.

„Апсолутно не треба да троши пари околу рекламирање. „Сме направиле ова, сме направиле она, сме донеле закон“. Не гледам причина дека треба да се рекламираат дека направиле нешто. Граѓаните добиваат сознанија за тоа преку јавните информативни програми. Отчет за работата на министерство или на владата тоа не треба да се рекламира секој три месеци и да се трошат пари, тоа е невидена работа, само кај нас го има, а посебно во ова кризно време.“

И според Адамчевски, владата треба помалку да биде присутна на медиумскиот пазар.

„Сметам дека владата не би требало да се рекламира за се и сешто. Значи има одредени работи кои би биле афирмативни, за кои би можело да се рекламира, но сепак треба поголема слективност во рекламирањето на владата на телевизиите и воопшто.“

Колку пари од буџетот биле потрошени за рекламирање не се знае, но затоа познато е кој од медиумите имал најмногу ќар. Сител телевизија е убедливо на прво место со заработка од 9 милиони и 30о илјади евра, а Канал 5 се наоѓа веднаш зад неа со 5,5 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG