Достапни линкови

Болт најбрз и на ОИ во Лондон


Усеин Болт
Усеин Болт
Атлетичарот од Јамајка Јусеин Болт го собори олимпијскиот рекорд во финалето на трката на 100 метри на Олимписките игри во Лондон. Болт ја истрча патеката за 9 секунди и 63 стотинки, што е втор најдобар резултат на сите времиња. Тој на Олимпијадата во Пекинг 2008 година ги собори светските рекорди на 100 и двесте метри. Со тоа Јусеин Болт влезе во исторјата како атлетичар кој има освоено златни медали на трката на 100 метри на две Олимпијади. Претходно тоа му успеа на Карл Луис. Трката на 100 метри во Лондон втор ја истрча Јохан Блејк исто така од Јамајка 9.75, а трет беше американецот Џастин Гетлин кој постигна време 9.79.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG