Достапни линкови

Фелпс освои рекордни 19 медали


Американскиот пливач Мајкл Фелпс
Американскиот пливач Мајкл Фелпс

Американскиот пливач Мајкл Фелпс влезе во историјата откако синоќа на Олимписките игри во Лондон го освои 19 медал, златниот во штафетата 4 пати по 200 метри слободно.

Со тоа тој го собори 48 години стариот рекорд на советската гимнастичарка Лариса Латинина.

Претходно 27 годишниот Фелпс во трката на 200 метри пеперутка го израмни рекордот на Латинина што таа го постави на Олимпијадата во Токио.

Фелпс има 15 златни и по две сребрени и бронзени олиписки медали. Латинина има освоено 9 златни медали.

XS
SM
MD
LG