Достапни линкови

Повеќе полицајци за побезбеден Охрид


Безбедностa ова лето во Охрид ќе биде подигнато на многу повисоко ниво. Поучени од искуствата од минатите туристички сезони, МВР ќе распредели полицајци пред речиси сите ноќни клубови и дискотеки во Охрид каде се случуваа инциденти.

Полицијата ова лето ќе го зголеми нивото и степенот на безбедност во Охрид со цел охриѓани и туристите да бидат по сигурни во својата безбедност информираат од СВР Охрид. Повеќе екипи на полициски службеници веќе се распоредени и ги покриваат речиси сите угостителски објекти и ноќни клубови особено онаму каде во изминатиов период имаше инциденти, односно физички напади, изјави Стефан Димовски портпарол на СВР Охрид.
Тоа ќе го правиме особено во вечерните часови бидејки наназад време искуствата покажуваат дека навечер и во раните утрински часови се случуваат такви немили настани. Се надеваме дека на овој начин ќе се делува благовремено и ефикасно кога има веќе ескалирање на одреден проблем. Тоа значи дека до секој ноќен клуб ќе има полициски службеници кој ќе го покриваат тој објект и ќе имаат задача да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир.
Стефан Димовски, СВР Охрид.

„Тоа ќе го правиме особено во вечерните часови бидејки наназад време искуствата покажуваат дека навечер и во раните утрински часови се случуваат такви немили настани. Се надеваме дека на овој начин ќе се делува благовремено и ефикасно кога има веќе ескалирање на одреден проблем. Тоа значи дека до секој ноќен клуб ќе има полициски службеници кој ќе го покриваат тој објект и ќе имаат задача да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир“, рече Димовски.
Туристички комплекс Свети Наум во Охрид.
Туристички комплекс Свети Наум во Охрид.

Засилени контроли, полицијата ќе има и на патиштата кои водат до плажите и хотелските објекти со цел да се спречат поголеми сообраќајни незгоди, со оглед на тоа дека во шпицот на туристилката сезона на овој потег се создаваат гужви и неколку километри долги колони.
Јас секогаш се чуствувам безбедно. Во однос на инцидентите по кафичите, тоа е екцесна работа. Не е правило дека не е безбедно.
Анкетиран турист.

„Ќе бидат поставени превентивни пунктови. Полициските службеници ќе имаат задача превентивно да делуваат, а репресивното делување никако нема да се исклучи. Доколку се затекнат возачи кои управуваат моторни и други возила под дејство на алхохол и наркотици или без документи ќе се преземаат законските мерки. Нема да се дозволи движење и на моторцикли без заштитни шлемови“, вели Димовски.

Оние со кои разговаравме сметаат дека Охрид е мирен и безбеден град.

„Безбеден град е. Се случуваат инциденти по дел од ноќните клубови. Тоа се се од надвор луѓе дојдени, не се охриѓани“, вели една охриѓанка.

„Јас секогаш се чуствувам безбедно. Во однос на инцидентите по кафичите, тоа е екцесна работа. Не е правило дека не е безбедно“, вели еден турист.

„Секаде го има тоа. Го има во цел свет. Не е тоа само во Македонија“, вели еден турист.

На помош на охридската полициска станица се пристигнати и полицајци од другите градови во Македонија, а можно е во Охрид летово да пристигнат и најавените полицајци од Хрватска. Од СВР Охрид уверуваат дека има доволен број на полицајци неопходни за мирно и безбедно лето во Охрид. Во Охрид изминативе лета во дел од ноќните клубови и дискотеки се случија неколку инциденти, а ќе се памети оној со убиството на српскиот турист.
XS
SM
MD
LG