Кога власта е во прашање, недоразбирањата се ставаат под тепих, навредите се забораваат, идеолошките разлики се пеглаат и биднува соработка, велат упатените „во ликот и делото“ на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски. Но каков ќе биде ефектот од нивната соработка кај „цврстото“ гласачко тело од двете страни?
Поранешниот лидер на СДСМ, Владо Бучковски вели дека гласачкото тело на СДСМ позитивно ќе реагира, ако се има предвид дека станува јасно оти на СДСМ им требаат гласови од помалите партии ако сакаат да победат на изборите. Но тој потсетува на еден заклучок од конгрес на СДСМ во 2006-та , упатен на неговата тогашна соработка со приврзаниците на Георгиевски.
„СДСМ изгради еден став кој директно беше упатен како критика до мене, заради соработката што ја имавме во тој момент во Парламентот околу носењето на уставните измени. Стои конгресниот заклучок дека се создала конфузија кај гласачкото тело кое е верно на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија.“
Бучковски очекува власта да ја зголеми негативната кампања и да ја оцрни евентуално новата коалиција. Но, вели дека средбата меѓу Црвенковски и Георгиевски е сериозен политички настан кој ќе има голем одраз.
„И Црвенковски и Георгиевски ја одбележаа првата декада од независноста на Македонија. Ова денеска е еден политички настан кој сериозно ќе има одраз, сега кога се вагаат вака работите дали повеќе позитивни или негативни, јас би бил воздржан, затоа што во краен случај резултатите на локалните избори ќе покажат како изреагирало членството, пред се на СДСМ, затоа што тоа е далеку побројно.“
Професор Јове Кекеновски, кој во минатото беше во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека поддржувачите и на едната и на другата опција нема да реагираат ништо посебно, затоа што оваа коалицијата долго време се најавува. Според него, проблем може да бидат оние кои ќе бидат затечени идеолошки од новата коалиција, но и на нив „ќе им се објасни“ дека спасувањето на Македонија е над сè.
„Дека во овој момент се работи за гол прагматизам, односно и Црвенковски и Георгиевски сметаат дека поголемо зло во моментот за Република Македонија е Груевски и неговото опкружување, отколку да се направи една коалиција на сосема две спротиставени страни, односно на луѓе кои до вчера исто така биле непријатели.“
Во политиката е дозволено сè, па и предизборен флерт меѓу луѓе кои кога зборуваа еден за друг не штедеа на навреди за наркоманија, алкохолизам или за психијатриски дијагнози.
И Црвенковски и Георгиевски ја одбележаа првата декада од независноста на Македонија. Ова денеска е еден политички настан кој сериозно ќе има одраз, сега кога се вагаат вака работите дали повеќе позитивни или негативни, јас би бил воздржан, затоа што во краен случај резултатите на локалните избори ќе покажат како изреагирало членството пред се на СДСМ, затоа што тоа е далеку побројно.Владо Бучковски, професор и поранешен лидер на СДСМ.
Поранешниот лидер на СДСМ, Владо Бучковски вели дека гласачкото тело на СДСМ позитивно ќе реагира, ако се има предвид дека станува јасно оти на СДСМ им требаат гласови од помалите партии ако сакаат да победат на изборите. Но тој потсетува на еден заклучок од конгрес на СДСМ во 2006-та , упатен на неговата тогашна соработка со приврзаниците на Георгиевски.
„СДСМ изгради еден став кој директно беше упатен како критика до мене, заради соработката што ја имавме во тој момент во Парламентот околу носењето на уставните измени. Стои конгресниот заклучок дека се создала конфузија кај гласачкото тело кое е верно на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија.“
Бучковски очекува власта да ја зголеми негативната кампања и да ја оцрни евентуално новата коалиција. Но, вели дека средбата меѓу Црвенковски и Георгиевски е сериозен политички настан кој ќе има голем одраз.
Црвенковски и Георгиевски сметаат дека поголемо зло во моментот за Македонија е Груевски и неговото опкружување.Јове Кекеновски, универзитетски професор.