Само четири проценти или 15 ученици од 320 анкетирани во осум битолски основни училишта одговориле дека шест или седум пати неделно јадат домашно зготвена храна. Педесет проценти од учениците на школска возраст од три до шест пати неделно јадат сендвичи, а дури 75 проценти од испитаниците пијат газирани пијалаци. Ова го покажа истражувањето за нездравиот начин на исхрана кај учениците и појавата на дијабетот, што го направи битолската Организација на жени кај учениците од петто до осмо одделение.
„Во анкетите имаше прашање колку пати неделно јадете готвено, во смисол колку пати неделно дома се готви, манџа, супа и друга храна. Еднаш готвено во неделата јадат 12 проценти. Само 4 проценти од испитаниците шест или седум пати неделно јадат дома зготвена храна“, изјави Светлана Петковска, претседател на организацијата.
80 проценти од учениците одговориле дека дома јадат бел леб, а на школо се хранат претежно со сендвичи.
„Дали носите ужинка, само 12 проценти од основците одговорија позитивно. 80 отсто одговорија дека купуваат ѓевреци, кифли. Има деца кои секојдневно јадат купен сендвич од сендвичарите кои се наоѓаат до училиштата. Она што пред 20 години го гледавме во Америка дека се се работи на бургер кинг, на хамбургери и чисбургери, дојде и кај нас“, додава Петковска.
Поради неправилниот начин на исхрана, кај децата се почесто се појавуваат болести карактеристични за возрасните, вели лекарката Лилјана Нечевска
„Во последно време забележан е зголемен број на деца заболени од дијабетис малитус тип 2, која беше болест карактеристична за возрасните. Причина за тоа е дебелината како резултат на неправилна исхрана и недоволна физичка активност“, вели лекарката.
Дури 15 деца од Битола се зависни од инсулин.
Во анкетите имаше прашање колку пати неделно јадете готвено, во смисол колку пати неделно дома се готви, манџа, супа и друга храна. Еднаш готвено во неделата јадат 12 проценти. Само 4 проценти од испитаниците шест или седум пати неделно јадат дома зготвена храна.Светлана Петковска, Организација на жени Битола.