Не е најважно колку должиш, туку дали имаш да ги вратиш тие пари што ги должиш. Вака економистите со кои разговаравме го коментираат нивото на задолженост на Македонија.
Британскиот весник Економист деновиве излезе до графикон за задолженоста, според кој, ретки се земјите во Европа што се помалку задолжени од Македонија која должи 25 отсто од БДП-то. Според тие податоци, годинава убедливо најзадолжена е Грција со долг од 141 отсто од БДП-то. Италија должи 121,6 отсто, Ирска 96,7, Португалија 94,6, Шпанија должи 78,4 отсто од БДП-то, а Унгарија 70,3 отсто.
Франција, пак, должи 92,5 отсто, Велика Британија 84,6 отсто, а Германија 77,8 отсто од БДП-то. Јапонија, пак, важи за една од земјите со највисок процент на задолженост во светот и должи речиси 205 отсто од својот БДП.
Во првата група земји се оние кои имаат сериозни проблеми со задолженоста, иако некои од нив имаат слична или помала задолженост од Британија, Франција или Германија кои важат за најстабилни европски економии.
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека според критериумите на Светска банка, долгот до 40 отсто од БДП-се смета за умерен. По тој критериум Македонија не е високо задолжена земја, вели Поповски, но нагласува дека во нашиот случај има уште неколку индикатори што треба да се земат предвид. Важно е дали долгот е внатрешен или надворешен, вели Поповски.
„Нашата задолженост во најголем дел е надворешна, за што мора да обезбедиме девизи, а не да го отплаќаме во денари. Тоа е многу битно. Америка е 100 отсто задолжена, но тие се задолжени во сопствената валута, во долари. Ние сме задолжени во валути кои мора да ги обезбедиме. Тоа е клучната разлика и затоа кај нас 40 отсто со странски долг е веќе сериозна задолженост.“
Поповски вели дека е важно и колкав процент од извозот служи за отплата на долгот.
„Со оглед дека ние имаме релативно висок надворешен долг и имаме релативно скромен извоз, ние немаме од каде да го финансираме долгот и затоа сме постојано упатени на тоа да земаме нови кредити за да го вратиме стариот долг, зборувам за девизни кредити“, вели тој.
Третата работа што е важна е колкав процент од буџетот служи за покривање на долгот, вели Поповски и додава дека Македонија должи еден цел годишен буџет.
„Секогаш економистите гледаат повеќе критериуми и од тој агол нашиот долг не е наивна категорија која може да се мери со ниско задолжена и толку. Ние сме земја со проблеми со задолженоста“, вели Поповски.
Економистката Шенај Хаџимустафа, пак, вели дека не е најбитно колкава е задолженоста, туку за што се користат парите од задолжувањето.
„Многу е битно каде тие пари се искористени, дали се искористени во одредени инвестиции и трошења на владата коишто во иднина ќе генерираат позитивни ефекти, што значи дека тие самите по себе после неколку години ќе можат и да го сервисираат долгот за којшто сега самата земја се задолжува. Доколку, пак, се направени за трошења коишто немаат позитивни ефекти на долг рок, тогаш сигурно секое задолжување е лошо задолжување. Процентот мислам дека не е толку битен, колку самиот квалитативен карактер за тоа по кој основ е настанат долгот, односно за што се искористени тие средства“, вели Хаџимустафа.
Нашата задолженост во најголем дел е надворешна, за што мора да обезбедиме девизи, а не да го отплаќаме во денари. Тоа е многу битно. Америка е 100 отсто задолжена, но тие се задолжени во сопствената валута, во долари. Ние сме задолжени во валути кои мора да ги обезбедиме. Тоа е клучната разлика и затоа кај нас 40 отсто со странски долг е веќе сериозна задолженост.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.
Британскиот весник Економист деновиве излезе до графикон за задолженоста, според кој, ретки се земјите во Европа што се помалку задолжени од Македонија која должи 25 отсто од БДП-то. Според тие податоци, годинава убедливо најзадолжена е Грција со долг од 141 отсто од БДП-то. Италија должи 121,6 отсто, Ирска 96,7, Португалија 94,6, Шпанија должи 78,4 отсто од БДП-то, а Унгарија 70,3 отсто.
Франција, пак, должи 92,5 отсто, Велика Британија 84,6 отсто, а Германија 77,8 отсто од БДП-то. Јапонија, пак, важи за една од земјите со највисок процент на задолженост во светот и должи речиси 205 отсто од својот БДП.
Во првата група земји се оние кои имаат сериозни проблеми со задолженоста, иако некои од нив имаат слична или помала задолженост од Британија, Франција или Германија кои важат за најстабилни европски економии.
Процентот мислам дека не е толку битен, колку самиот квалитативен карактер за тоа по кој основ е настанат долгот, односно за што се искористени тие средства.Шенај Хаџимустафа, економист.
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека според критериумите на Светска банка, долгот до 40 отсто од БДП-се смета за умерен. По тој критериум Македонија не е високо задолжена земја, вели Поповски, но нагласува дека во нашиот случај има уште неколку индикатори што треба да се земат предвид. Важно е дали долгот е внатрешен или надворешен, вели Поповски.
„Нашата задолженост во најголем дел е надворешна, за што мора да обезбедиме девизи, а не да го отплаќаме во денари. Тоа е многу битно. Америка е 100 отсто задолжена, но тие се задолжени во сопствената валута, во долари. Ние сме задолжени во валути кои мора да ги обезбедиме. Тоа е клучната разлика и затоа кај нас 40 отсто со странски долг е веќе сериозна задолженост.“
Секогаш економистите гледаат повеќе критериуми и од тој агол нашиот долг не е наивна категорија која може да се мери со ниско задолжена и толку. Ние сме земја со проблеми со задолженоста.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.