Достапни линкови

Регионалните форуми не се замена за ЕУ и НАТО


Претседателот Ѓорге Иванов учествува на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Белград.
Претседателот Ѓорге Иванов учествува на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Белград.

Македонија денеска го презема претседавањето со Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Секоја соработка е добра, но регионалните решенија не се замена за евроатлантските интеграции, оценуваат експертите.

Процесот за соработка на Југоисточна Европа е за поздравување, но според експертите тој не може да помогне во надминување на несогласувањата и отворените прашања меѓу земјите од регионот.
Секако дека секоја форма на соработка е добредојдена, меѓутоа примарната цел кон која се движиме ни кажува и што треба да сториме на планот на решавање на проблемите, за да бидеме во ситуација да станеме дел од евроатлантските интеграции.
Денко Малески, универзитетски професор.

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека овие форми на соработка никогаш не може да бидат замена за процесот на евроатланска интеграција и успешноста на македонската надворешна политика може да се мери само од ЕУ и НАТО и брзината со која ги спроведуваме чекорите кон остварување на таа цел.
Претседателот Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Белград.
Претседателот Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Белград.

„Секако дека секоја форма на соработка е добредојдена, меѓутоа примарната цел кон која се движиме ни кажува и што треба да сториме на планот на решавање на проблемите, за да бидеме во ситуација да станеме дел од евроатлантските интеграции.“

Професор Мерсел Биљали вели дека не може да се надеваме дека нешто спектакуларно ќе произлезе од регионалната соработка, но процесот треба да тече.
Ние сме дел од тој процес, иако за жал ние придонесуваме помалку во споредба со сите други земји кои биле поназад од нас во однос на регионалните и евроатланските процеси.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

„Без оглед на околностите треба да се постигне политичкиот опортунитет. Максимално колку што е можно. Ние сме дел од тој процес, иако за жал ние придонесуваме помалку во споредба со сите други земји кои биле поназад од нас во однос на регионалните и евроатлантските процеси. Но тие покажуваат поголема политичка волја во овој домен.“

Според Малески, она што треба да го сториме за да станеме членка на НАТО и ЕУ се условите кои треба да бидат исполнети и кои не можат да бидат заменети со регионални решенија.

„Балканските народи и народите на Југоисточна Европа упатени сами на себе потешко ќе ги надминуваат тие историски несогласувања, а многу полесно ќе оди ако ги земеме тие европски стандарди кои ни се наметнуваат, кои ни изгледаат тешки, меѓутоа ни ги отвараат големите порти на интеграција на државата.“

Македонија која денеска ќе го презеде претседавањето со процесот за соработка на Југоисточна Европа наредната година ќе биде домаќин на Самитот на шефови на држави и влади.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG