УЕФА ја казни руската фудбалска федерација со 120,000 евра по немирите за време на натпреварот Русија - Чешка во петокот. Евроспката федерација предупреди дека на рускиот тим ќе му се одземат шест поени доколку навивачите продолжат со предизвикување проблеми. Казната беше изречена поради тоа што дел од фановите на мечот во Вроцлав фрлале петарди и навивале со навредливи банери на трибините.