Достапни линкови

Фридом Хаус: реформите на Балканот стагнираат


Фридом Хаус во најновиот извештај ,,Нациите во транзиција 2012,, оценува дека клучните реформи стагнираат во скоро сите балкански земји. Реформите, како што се прецизира, стагнираат во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Земјите од Европската унија вршат позитивно влијание врз западен Балкан и шансите за влез на балканските држави во Унијата служат како најголема и единствена мотивација за нивните демократски реформи. Ова се наведува во извештајот на Фридом хаус.

Во него се прецизира дека додека Хрватска покажала посветеност во добивањето членство во Унијата со соработката во антикорупциските истраги, четирите преостанати балкански земји бележат пад во изборниот процес, раководењето на национално ниво, правосудството и незавивисните медиуми.

Лошо спроведените избори во Албанија и на Косово, како што се оценува, ја открила кревкоста на изборните реформи при отсуство на незисно и одговорно судство.


Во Македонија, коалициска влада предводена од премиерот Никола Груевски, како што наведува Фридом Хаус, води процес за затајување на данок против сопственикот на едно од водечките медиумиски претпријатиија.

Власта исто така ја искористила неколкумесечната предност кога опозијата ја бојкотираше работата на парламентот за да биде усвоен контроверзниот закон со кој, меѓу другите работи, се создадени места во парламентот за да да бидат претставени Македонците кои живеат во странство кои постојано гласаат за владејачката коалиција.

Во извештајот на Фридом Хаус се спомнува и проектот ,,Скопје 2014,, како и стагнацијата на реформите потребни за Европската унија и НАТО, политичкиот притисок и заплашувањето на медиумите.

Инаку, во регионот од земјите кандидати или кои веќе се во Европската унија најслабо рангирана е Македонија, а најдобро Хрватска. Во оваа група се уште Србија, Црна Гора, Бугарија и Романија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG