Достапни линкови

Косово: голема невработеност и богати политичари


На Косово скоро 50 насто од граѓаните се невработени. Но, политичката елита е многу богата. Тоа го покажуваат последните пријави за нивнот имот поднесени до Агенцијата за борба против корупцисјта. Од невладиниот сектор велат дека тешко е да се истражи потеклото на нивниот имот, бидејќи недостигаат законски механизми.

Платите на високите официјални личности на Косово се движат од 1.200 до скоро 3.000 евра, јавува дописникот на Радио Слободна Европа од Приштина Амра Зејнели, наведувајќи дека месечните примања на претседателката на Косово Атифете Јахјага изнесуваат 2.800 евра.

Но, врз основа на пријавите на имотот, голем број политичари имаат милионски богатства. Некои од нив велат дека сето тоа го наследиле. Мерит Мустафа од Демократскиот институт на Косово наведува дека големиот имот поттикнува сомневање.

,,Во прашање е голема разлика која не може да се објасни. Зборуваме за стекнат имот во последните три години, спореден со оној кога дошле на власт. Дури ни приватниот бизнис не може да овозможи толкав имот. Нашиот институт смета дека ова треба да се истражи за да се дознае како било стекнато богатството.,,
Во прашање е голема разлика која не може да се објасни. Зборуваме за стекнат имот во последните три години, спореден со оној кога дошле на власт. Дури ни приватниот бизнис не може да овозможи толкав имот. Нашиот институт смета дека ова треба да се истражи за да се дознае како било стекнато богатството.


На исто мислење е и Петрит Зогај од невладината организација ФОЛ. Тој додава дека кај повеќето политичари недвижниот имот бил стекнат во периодот по 1999 година. Освен тоа, Зогај вели дека не е возможно тие да стекнат толкаво богатство само врз основа на месечните примања.

,,Парите што ги примаат, парите во банките и сето друго е многу нејасно. Невозможно е толкав имот да се стекне само со една плата.,,

Експерот за економски прашања Ибрахим Реџепи објаснува дека тоа зборува оти тие имаат други примања кои остануваат надвор од одговорните институции. Тој додава дека ваквата ситуација е поради недостиг на законски механизми.


,,Во прашање е недостиг на неколку закони, меѓу кои и закон против мафијата или закон со кој ќе се овозможи идентификација на стекнатиот имот. Овие закони се уште се во процес на донесување.,,

Претставници на невладините организации додаваат дека соодветните механизми, како што е обвинителството, мора да го покренат тоа прашање со цел во иднина да бидат санкционирани сите кои стекнале некакво богатство, а притоа немаат објаснување како дошле до него.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG