Работена како прв проект на Националната установа Драмски театар од програмата за 2012 година, монодрамата „Мртвиот дом“ е длабока исповед на еден актер, кој некаде, попатно, заборава да биде човек. Всушност, како што забележува режисерката Ирена Стеријовска, тоа е метафора за изгубени соништа и добиени бледи сенки, кои само потсетуваат на една личност.
„Решивме да се обидеме да го ставиме актерот во театар како обичниот човек во затвор. Начинот на којшто е направена и пристапот кон монодрамата како форма е до толку искршен за да нели го изгубиме она што, можеби, според мене, е маана на таа монодрамска форма, една нарација којашто повеќето пати запаѓа во некаква здодевност. Ова што го направивме со оваа претстава е тоа што докажавме дека малата сцена може да биде голема доколку се работи со големи идеи.“
На Стеријовска, која го адаптираше текстот на рускиот класик, ова и е прв проект во една институција. Таа во изминативе две години по дипломирањето на ЕСРА во класата на Дејан Пројковски има потпишано неколку независни зафати од кои за издвојување е нејзината ланска режија на претставата „Роберто Зуко“ од Бернар - Мари Колтез во скопската дискотека Б2.
Актерот Крсте Јовановски, пак, кому по три децении поминати во Струмичкиот театар ова му е прва улога во Драмски, вели дека лесно може да се повлечат паралели помеѓу Александар од „Записи за мртвиот дом“ на Достоевски и неговиот досега изживеан живот. Тој дополнува дека идејата за монодрамата во себе ја носи веќе три години наназад и дека еве дошло времето за одговори на некои прашања.
„Станува збор за некакво претставување или некаков обид, дали сето тоа може да се расчисти, дали може да се дојде до нешто друго, како вели актерот во оваа претстава, до некое далечно слободно небо.“
Јовановски, паралелно со овој проект, работи и на улогите во „Генетика на кучињата“ на Пројковски и „Турска приказна – Ах, љубов моја неверна“ на Коле Ангеловски што ќе биде прва претстава на новоформираниот Театар Комедија. Од таму не чуди неговото воодушевување од таквиот след на настаните.
„Верувајте ми, нема подобро од тоа кога актерот е максимално искористен, онака како што треба. Можеби ова мое доаѓање или трансфер, господ го следи или не знам некакви сили, како вели Достоевски, ништо не е случајно, се е договорено.“
Инаку, како и во претходниот проект на Стеријовска и во „Мртвиот дом“, автор на музиката е Златко Ориѓански, а режисерката нашла идеални соработници во сценографот Стефан Спировски и во костимографката Ана Кркулеска кои претставата ја обоиле со својот минималистички приод кон нештата.
Решивме да се обидеме да го ставиме актерот во театар како обичниот човек во затвор. Начинот на којшто е направена и пристапот кон монодрамата како форма е до толку искршен за да нели го изгубиме она што, можеби, според мене, е маана на таа монодрамска форма, една нарација којашто повеќето пати запаѓа во некаква здодевност.Ирена Стеријовска, режисерка.
„Решивме да се обидеме да го ставиме актерот во театар како обичниот човек во затвор. Начинот на којшто е направена и пристапот кон монодрамата како форма е до толку искршен за да нели го изгубиме она што, можеби, според мене, е маана на таа монодрамска форма, една нарација којашто повеќето пати запаѓа во некаква здодевност. Ова што го направивме со оваа претстава е тоа што докажавме дека малата сцена може да биде голема доколку се работи со големи идеи.“
На Стеријовска, која го адаптираше текстот на рускиот класик, ова и е прв проект во една институција. Таа во изминативе две години по дипломирањето на ЕСРА во класата на Дејан Пројковски има потпишано неколку независни зафати од кои за издвојување е нејзината ланска режија на претставата „Роберто Зуко“ од Бернар - Мари Колтез во скопската дискотека Б2.
Станува збор за некакво претставување или некаков обид, дали сето тоа може да се расчисти, дали може да се дојде до нешто друго, како вели актерот во оваа претстава, до некое далечно слободно небо.Крсте Јовановски, актер.