Достапни линкови

Поделбата на Косово, најлоша варијанта за Балканот


Работите на Балканот функционираат на принципот на поврзани садови.
Работите на Балканот функционираат на принципот на поврзани садови.

Отворањето на Пандорината кутија може да биде опасно за регионот и за Македонија. Тоа би значело зголемување на апетитите.

Изјавата на поранешниот координатор на Пактот за стабилност Ерхард Бусек дека поделбата на Косово е најдоброто одржливо решение за Балканот за познавачите на регионалната политика е сигнал дека безбедносната ситуација на Балканот, а со тоа и во земјава може да се влоши. Експертите се сомневаат дека ваквите бранувања во јавноста имаат влијание врз моменталните случувања во Македонија и разгорувањето на меѓуетничките тензии.
Се уште имаме кревка основа на овие меѓунациоанлни односи, гледаме дека секоја година ќе се појави некоја тензија, а во сите општеста каде што економскиот развој е многу слаб, секој инциден може без некоја контрола да прерасне во некоја посериозна ситуација.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.

„Досегашните анализи изминатите 10-15 години на Балканот покажале дека ние функционираме на принципот на врзани садови, значи ако почнаа немирите односно вооружаните инциденти во одреден дел на Балканот, видовме и самите дека со тек на времето сите поранешни републики на тогашна СФРЈ ги зафати тој бран. Секогаш кога оние позиции ќе се постигнат на одредено место може да бидат прифатени како пример кој заживеал во практика“, вели универзитетскиот професор Владимир Пивоваров.

Според него можната поделба на Косово би била опасна за безбедносната ситуација во државава. Тоа ќе значи отворање
Изјавата на поранешниот координатор на Пактот за стабилност Ерхард Бусек дека поделбата на Косово е најдоброто одржливо решение за Балканот за познавачите на регионалната политика е сигнал дека безбедносната ситуација на Балканот, а со тоа и во земјава може да се влоши.
Изјавата на поранешниот координатор на Пактот за стабилност Ерхард Бусек дека поделбата на Косово е најдоброто одржливо решение за Балканот за познавачите на регионалната политика е сигнал дека безбедносната ситуација на Балканот, а со тоа и во земјава може да се влоши.
на нови проблеми, кои во недоволно развиени мултиетнички општества, дополнително би ја влошиле ситуацијата.

„Се уште имаме кревка основа на овие меѓунациоанлни односи, гледаме дека секоја година ќе се појави некоја тензија, а во сите општеста каде што економскиот развој е многу слаб, секој инциден може без некоја контрола да прерасне во некоја посериозна ситуација.“

Изјавите од типот дека можна поделба на Косово е најдоброто решение за Балканот е спротивна на тврдењата
Земајќи ги во предвид некои ново настанати тензии, осиромашеноста која е присутна, некои процеси кои се блокирани, сигурно дека тоа би имало влијание тие гласови и во Македонија да се зајакнат, така да мислам дека ефектот би се прелејал и во Македонија, верувам и во Босна.
Алберт Муслиу,политички аналитичар.

на западните сили кои се на став дека тоа би била најлошата варијанта, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. Поврзаноста на политичките случувања на Балканот е евидентна и едното не го исклучува другото, вели Муслиу.

„Секако дека можат да се поврзат, затоа што кај сите групи, кај сите заедници на Балканот има групи чии интереси и цели не се поклопуваат со интересите или со прокламираните cели на етничките заедници.“

Отворањето на Пандорината кутија може да биде опасно за регионот и за земјава. Тоа би значело зголемување на апетитите и испливување на интересите на површина, а до решенија би било се потешко да се дојде.

„Би отворило прашање на дополнително прекројување на граници. Земајќи ги во предвид некои ново настанати тензии, осиромашеноста која е присутна, некои процеси кои се блокирани, сигурно дека тоа би имало влијание тие гласови и во Македонија да се зајакнат, така да мислам дека ефектот би се прелејал и во Македонија, верувам и во Босна“, заклучува Муслиу.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG