Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј и претседателот на Европската Комисија Хозе Мануел Баросо ги поздравија резултатите од референдумот во Хрватска и им честитаа на граѓаните на земјата за одлуката да и се приклучат на Европската Унија.
Тоа, според Ромпуј и Баросо ќе и донесе стабилност и просперитет на Хрватска.
Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд пред денешната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел изјави дека станува збор за големо постигнување за Европа. Тоа пак, според преставникот на ЕУ во Хрватска Пол Вандорен ќе има позитивно влијание врз целиот регион.
„Ова е историски настан за Хрватска, за Европската Унија и за целиот регион. Зборувам за Југоисточна Европа. Интерграцијата на Хрватска во ЕУ е најдобриот можен сигнал што им се иуспраќа на другите земји во регионот за кои знаеме дека имаат аспирации да и се приклучат на Европската Унија“.
Според преставниците на ЕУ, хрватската влада сега треба да се фокусира врз последните подготовки за влез во Унијата за да стане нејзина 28 членка на 1 јули 2013 година.
Според извештаите од Хрватска 66 насто од оние кои излегле на гкласањето позитивно се изјасниле за членство во ЕУ. Излезноста била помала од очекуваната, односно околу 44 насто.
Одлуката на граѓаните беше поздравена и од власта и од опозицијата. Премиерот Зоран Милановиќ изјави.
„Ова е пресвртна точка во нашата историја и ние ќе бидеме одговорни за нашите сопсствени одлуки“.
Подржувачите на хрватското членство во ЕУ тврдат дека тоа ќе и помогне на економијата на земјата во која има 17 насто невработени.
Противниците на влезот на Хрватска во Унијата пак, тврдат дека земјата нема да добие ништо од блокот кој се бори со банкротство на неколку свои земји членки. Како и да е, Хрватска го заокружи успешно процесот на преговори за членство во Европската Унија кој во нејзин случај траеше 6 години.