Се смета дека Вевчанскиот карневал е манифестација стара повеќе од 1.400 години и е интересен спој меѓу паганското и современото. Луѓето под маски исмеваат актуелни политички и општествени збиднувања. Карневалот се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува новата година, според јулијанскиот календар, а се испраќа старата.