Достапни линкови

Експропријацијата не враќа во 1945


Со цел да ги заштити интересите на граѓаните, власта предлага закон за експропријација со кој може да се одземе имот на претпријатие како на пример Топлификација. За критичарите тоа е враќање во 1945 година, тоа се левичарски методи на десничарска влада. Според опозицијата, тоа пак, дополнително ќе ги избрка странските инвестири.

Можноста да и биде одземен имотот на Топлификација, со новите измени на законот за експропријација, ја подели стручната јавност. Доколку постојат проблеми во работењето на компанијата, треба да се преземат мерки за надминување на истите, сугерира поранешниот директор на МЕПСО, Атанаско Туневски. Според него, експропријацијата би значело враќање многу години назад.
Ако сега во 2011 зборот експропријација, одземање на имот и слично, почне да се употребува како што се употребување во 1945 ќе се вратиме 60-70 години наназад.
Атанаско Туневски, поранешниот директор на МЕПСО.

„Ако сега во 2011 зборот експропријација, одземање на имот и слично почне да се употребува како што се употребување во 1945 ќе се вратиме 60-70 години наназад, затоа што сега е малку потешко да објасните и да докажете зошто некому му одземате имот.“

Туневски вели дека одземањето на имот треба да биде последен чекор кој ќе го преземе власта. Дополнителен проблем, вели тој, може да биде и тоа кој ќе стопанисува со објектите и​
Власта пак измените ги образложи како уставни и појасни дека истиот се превзема со цел да се заштитат корисниците на парното греење.
Власта пак измените ги образложи како уставни и појасни дека истиот се превзема со цел да се заштитат корисниците на парното греење.
опремата во Топлификација.

„Значи ние немаме пообучени луѓе отколку што сега имаме во Топлификација, па на тие обучени луѓе да им го дадеме стопанисувањето со тие објекти.“

Спроведува ли власта методи кои не се својствени за една десничарска
Во случај кога му се одзема една лиценца заради невршење на таа дејност или откажување од вршање на таа дејност од јавен интерес , во тој случај значи Владата за да не настане прекин врши експропријација на сите тие постројки.
Недим Рамизи, заменик-министер за финансии.

влада? Политичките аналитичари со став дека се додека ваквите мерки не се масовни, истите не се спорни и не излегуваат од рамките на десничарската идеологија.

„Не мора да се спорни, значи може да се случи вакви мерки да се преземат и не се излегува од идеолошката матрица се додека не се тоа масовни мерки, значи се исклучоци од правилото, а не само правила“, изјави политикологот Здравко Савески

Измените со кој се предвидува одземање на лиценцата за работа и давање на истата на друга фирма доколку фирма која врши производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија не ја извршува дејноста од јавен интерес, за опозицијата е лоша. Таа се сомнева дека истата ќе ги избрка странските инвеститори праќајќи им порака дека доколку не работат добро, во секој момент може да им биде одземена сопственоста.

Власта, пак, измените ги образложи како уставни и појасни дека истиот се превзема со цел да се заштитат корисниците на парното греење.

„Во случај кога му се одзема една лиценца заради невршење на таа дејност или откажување од вршање на таа дејност од јавен интерес, во тој случај значи Владата за да не настане прекин врши експропријација на сите тие постројки“, изјави деновиве заменик-министерот за финансии, Недим Рамизи.

Законот за експропријација ќе значи одземање на имот на топлификација поради невршење на дејноста од јавен интерес. Со тоа компанијата може во целост или делумно да изгуби дел од објектите. Доколку топлификација одлучи да ја врати лиценцата за снабдување, со новиот закон државата ќе може да и ги купи по пазарна цена и потоа таа или некоја друга компанија да ги снабдува потрошувачите. Законот помина на собраниската комисија. Сега ќе биде ставен на гласање пред пратениците.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG