2011: Светот низ фотографии

13
Етнички Албанец носи американско знаме на патот по кој се наредени албански знамиња во гратчето Качаник, на Косово, на 16 февруари, еден ден пред прославата на третата годишнина од прогласувањето на независноста на Косово од Србија.

14
Луѓето во Лвов, Украина, му посветуваат малку внимание на живиот ТВ пренос на 25 февруари, по повод првата годишнина од стапувањето на функцијата на претседателот Виктор Јанукович.

15
Специјалците чекаат подготвено во текот на протестот на „Денот на гневот“ во Багдад, којшто се одржа на 25 февруари против корупцијата и недостигот на основни добра.

16
Американскиот потпретседател, Џо Бајден, се поздравува со луѓе, во главниот град на Молдавија, Кишињев, на 11 март. Бајден е највисокиот американски претставник што до сега ја посетил Молдавија, која што е најсиромашна европска држава.