Италијанскиот премиер Силвио Берлускони му кажал на претседателот на државата дека ќе поднесе оставка откако ќе биде одобрен владиниот план за економска стабилизација, за кој се очекува да се гласа наредната недела.
Владата на Берлускони денеска доби на клучно гласање за јавните сметки во парламентот, но не успеа да освои целосно мнозинство од 316 гласови. Гласањето за јавните сметки помина во парламентот со 308 гласови од 630 пратеници. Одобрувањето на јавните сметки е предуслов за одобрување на каков било иден буџет.
Претседателот Џорџо Наполитано се сретна со Берлускони, откако италијанскиот премиер го изгуби мнозинството во парламентот. Во соопштението од претседатескиот кабинет се наведува дека италијанскиот премиер ветил дека ќе поднесе оставка веднаш штом парламентот ги изгласа економските реформи.
Берлускони е соочен со големи проблеми во врска со спроведувањето на острите мерки за штедење, неопходни за излез на земјата од должничката криза.
Најавувајќи дека ќе побара од парламентот изјаснување за мерките, тој изјави дека сакал да ги гледа во лице оние што се обидуваат да го предадат. Берлускони смета дека неговата влада и покрај заминувањето на некои пратенци и натаму има поддршка во парламентот за спроведување на потезите за спасување на Италија од банкрот.
Италијанските медиуми стравуваа дека Берлускони не контролира доволно пратенци да обезбеди усвојување на мерките.
Поради огромниот долг од еден билион и 900 милијарди евра, Италија претставува опасност за целата еврозона. Европската централна банка веќе соопшти дека заедно со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд ќе го надгледува спроведувањето на економските реформи во Италија.
Берлускони минатата недела на самитот на Г20 во Кан изјави дека Италија ја одбила понудата за финансиска помош од ММФ, наведувајќи дека не верува оти на земјата и е неопходна таква интервенција. Сепак, тој побара контрола од ММФ
„Отидовме кај мадам Легард, директор на Меѓународниот монетарен фонд, и побаравме од Фондот да го надгледува и јавно да го потврдува прогресот на нашите реформи на секои три месеци, со што ќе можеме да им покажеме на берзите, дека италијанската влада прави напредок во спроведувањето на реформите“, изјави Берлускони.
Тоа веднаш беше поздравено од претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.
„Италија по сопствена иницијатива реши да побара од ММФ следење на спроведувањето на италијанските обврски. На ова гледам како доказ колку е важен реформскиот процес за Италија и за еврозоната во целост.“
Баросо оцени дека тоа ќе ја зацврсти довербата кај инвеститорите.
Во меѓувреме, каматите на италијанските обврзници вчера пораснаа на највисоко ниво откако таа земја го користи еврото и скоро ја достигна границата од 7 проценти по која Ирска и Португалија беа принудени да побараат меѓународна помош.
Затоа постои стравување дека италијанскиот долг е премногу голем за да може да биде саниран со помош на Европската унија. Тоа би значело банкрот за земјата што ќе остави последици и врз целата глобална економија, со оглед на фактот дека станува збор за осма најголема економска сила во светот.

Отидовме кај мадам Легард, директор на Меѓународниот монетарен фонд и побаравме од Фондот да го надгледува и јавно да го потврдува прогресот на нашите реформи на секои три месеци.