Секоја промена на највисоките нивоа на СДСМ и зајакнување на нејзините кадровски капацитети е добредојдена. Ангажирањето на старите кадри може да придонесе за зајакнување на опозицијата и воспоставување на еден здрав и аргументиран дијалог, ги коментираат експертите кадровските освежувања со стари кадри во најголемата опозициска партија.
Колку тоа ќе донесе зголемен легитимитет и рејтинг останува да се види од реакцијата на гласачите. Тоа што се уште не се посегнува по внатрепартиската демократија и лична одговорност се уште не ограничува во очекувањата за демократизирање на партиската сцена, вели политикоколот Владимир Мисев.
„Се додека не се воспостават внатрепартиски избори и додека не соберат доволно доблест лидерите на политичките партии во Македонија, зборувам општо генерално, да поднесуваат оставки по неколку загубени изборни циклуси, мислам дека секогаш ќе останеме ограничени во тие демократски процеси.“
Не може на самиот старт да се заклучи дали од овие потези во СДСМ ќе произлезат и други кои ќе водат до подобри резултати на изборите, вели аналитичарот Алберт Муслиу. За почеток, на сето ова, според него, може да се гледа како на тенденција да се демантира во јавноста распространетиот впечаток дека опозицијата ништо не прави.
„Со развивање на севкупната стратегија за промена на начинот на комуникација со граѓаните може евентуално да станат слични во тој дел со ВМРО-ДПМНЕ, а ако само ги следат ад хок некои активности тоа не би било добра стратегија.“
Со повикувањето на искусните кадри може да се зајакнат капацитетите на партијата и да се искористи нивното знаење во партиските тела, додава Мисев, но од друга страна, оваа партија има наспроти себе противник кој има создадено видливо портофолио во однос на кое ќе мора да работат и на враќање на довербата на граѓаните. Во таа насока, една од целите на оваа партија би требало да биде и нејзиното модернизирање кое што би требало да следи по овие први потези за промени.
„Доколку целта им е да ја модернизираат партијата, мораат повеќе да се потпрат на овие нови кадри што се, и нормално да најдат начин да имаат еднаков пристап до средствата за масовно комуницирање, до медиумите, затоа што евидентно е дека ситуацијата во однос на комуникацијата со јавноста не е еднаква, не е рамноправна“, додава Мисев.
По неколку години пауза, а некои и по една деценија, дел од старите кадри на СДСМ како што се Илинка Митрева, Софија Тодорова, Никола Поповски и Таки Фити се врќаат во СДСМ како членови на новите Совети што ги формира партијата во склоп на најавеното интензивирање на битката против власта.
Доколку целта им е да ја модернизираат партијата мораат повеќе да се потпрат на овие нови кадри што се, и нормално да најдат начин да имаат еднаков пристап до средствата за масовно комуницирање, до медиумите.Владимир Мисев, политички аналитичар.
Колку тоа ќе донесе зголемен легитимитет и рејтинг останува да се види од реакцијата на гласачите. Тоа што се уште не се посегнува по внатрепартиската демократија и лична одговорност се уште не ограничува во очекувањата за демократизирање на партиската сцена, вели политикоколот Владимир Мисев.
„Се додека не се воспостават внатрепартиски избори и додека не соберат доволно доблест лидерите на политичките партии во Македонија, зборувам општо генерално, да поднесуваат оставки по неколку загубени изборни циклуси, мислам дека секогаш ќе останеме ограничени во тие демократски процеси.“
Не може на самиот старт да се заклучи дали од овие потези во СДСМ ќе произлезат и други кои ќе водат до подобри резултати на изборите, вели аналитичарот Алберт Муслиу. За почеток, на сето ова, според него, може да се гледа како на тенденција да се демантира во јавноста распространетиот впечаток дека опозицијата ништо не прави.
Со развивање на севкупната стратегија за промена на начинот на комуникација со граѓаните може евентуално да станат слични во тој дел со ВМРО ДПМНЕ, а ако само ги следат ад хок некои активности тоа не би било добра стратегија.Алберт Муслиу, политички аналитичар.