Три години по препораката на ОБСЕ за интегрирано образование и на една година по донесувањето на Стратегија за таа цел, земјава не може баш многу да се пофали дека чекори напред кон интегрирање на децата од различните заедници. Во земјава само во пет училишта има парaлелки каде воннаставно децата од најрана возраст се запознаваат со јазикот на другата зедница. Училиштата се уште се делат на „ваши“ и „наши“.
Родителите бараат да има „чисти паралелки“ протестираат кога
наставниците не се од иста етничка заедница, како учениците. Сепак, се прават чекори, да се применува интегрираното образование. Пред неколку денови општина Чаир ги доби првите две паралелки за интергирано образование. Леонора Сејдику вели дека со задоволство го вклучила своето прваче во тој проект.
„Проектот е добредојден, се работи за доброто на децата, значи се инвестира нешто во нашите деца.“
Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција, кој е и наставник во мешано училиште, вели дека во земјата постојат добри закони за интегрирано образование, но нема расположение тоа да се спроведе.
„Бидејќи јас и работам во мешано училиште, тројазично мешано училиште, македонски, албански и турски, од она што го гледам на моето работно место и комуникацијата со колегите итн, сметам дека во овој момент нема такво расположение за спроведување на интегрираното образование во целост. Треба да се оди чекор по чекор во тој дел, од сите страни нема расположение, апсолутно.“
НАНСЕН дијалог центарот од 2008-та почна со спроведување на проектите за интегрирано образование во училиштата. Извршниот
директот на Центарот, Сашо Стојковски, вели проектот бил двапати евалуиран до сега, и резултатите се позитивни. Тој очекува наскоро да бидат отворени паралелки во повеќе мешани училишта.
„Малку време е потребно за да ги спроведеме одлуките бидејќи имаме дефицит од кадар на наставници кои што ќе се вклучат во ова интегрирано образование, така што работиме и во многу скоро време очекуваме и дека ќе влеземе во истото образование каде што ќе можеме да помогнеме со регрутирање, односно обучување на наставници кои ќе можат да се вклучат во интегрираното образование.“
Стратегијата предвидува припадниците на заедниците да изберат кога ќе почнат да учат македонски јазик – од прво, второ, трето одделение, а на Македонците им се дава можност факултативно да учат некој од јазиците на заедниците. На почетокот на минатата година имаше обиди албанските првачиња да изучуваат македонсиот јазик. Но, наставата беше бојкотирана, а во јуни истата година Уставниот суд донесе одлука за укинување на решението на Министерството за образование, кое предвидуваше децата од немнозинските заедници да го учат македонскиот јазик од прво одделение.
Високиот комесар на ОБСЕ, Кнут Волебек, на една година по објавувањето на владината стратегија за интегрирано образование, оцени дека е постигнат напредок. Тој е убеден дека и покрај одредените недоразбирања кои постојат,сите заинтересирани страни можат да го истераат проектот до крај. Министерот за образование, Панче Кралев, вели дека целта не е да се наметне интегрираното образование, туку да се оди чекор по чекор.

Проектот е добредојден, се работи за доброто на децата, значи се инвестира нешто во нашите деца.Леонора Сејдику, родител.
наставниците не се од иста етничка заедница, како учениците. Сепак, се прават чекори, да се применува интегрираното образование. Пред неколку денови општина Чаир ги доби првите две паралелки за интергирано образование. Леонора Сејдику вели дека со задоволство го вклучила своето прваче во тој проект.
„Проектот е добредојден, се работи за доброто на децата, значи се инвестира нешто во нашите деца.“
Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција, кој е и наставник во мешано училиште, вели дека во земјата постојат добри закони за интегрирано образование, но нема расположение тоа да се спроведе.
„Бидејќи јас и работам во мешано училиште, тројазично мешано училиште, македонски, албански и турски, од она што го гледам на моето работно место и комуникацијата со колегите итн, сметам дека во овој момент нема такво расположение за спроведување на интегрираното образование во целост. Треба да се оди чекор по чекор во тој дел, од сите страни нема расположение, апсолутно.“
НАНСЕН дијалог центарот од 2008-та почна со спроведување на проектите за интегрирано образование во училиштата. Извршниот
Бидејќи јас и работам во мешано училиште, тројазично мешано училиште, од она што го гледам на моето работно место и комуникацијата со колегите итн, сметам дека во овој момент нема такво расположение за спроведување на интегрираното образование во целост.Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.